Гигов фантастично бранеше, Костески погодуваше

Екипата на Селка Спор продолжува да победува во турското првенство. Денес убедливо на гостински терен беше совладана екипата на МЈК Хентбол со 31:21.

Голманот Виктор Гигов имаше блескава партија со 15 одбрани и беше најдобар поединец на натпреварот. Десното крило Костески исто така  одигра уште еден одличен меч и постигна 5 погодоци. Со оваа победа екипата на Селка најавува високи амбиции во турскиот шампионат сезонава.

Напишете коментар