TOW#404 – Невозможно vs Возможно

РАЗНО

 

Цело време нè учат дека сè е возможно, но дали е се возможно? Не за друго, некогаш има некои нешта кога е невозможно да се средат.

Како организатори на која било ситуација, проект или група, во нашата крв е да направиме сè што е во наша моќ да успее тоа што ни е зададено или сме го наумиле. Но проблемот е најмногу во перцепцијата на работите што ги имплементираме или сакаме да ги имплементираме и дали е тоа навистина е остварливо или е само желба.
Во секој случај, невозможното да се направи возможно е возможно, но потребни се работи кои ќе ви помогнат во тоа. Не е тешко, но треба да се проба.
  • План – тенка е линијата помеѓу навистина остварливо и само желба, а тенка е најмногу затоа што најмногу зависи од тоа дали имате некој план на активности или акции.
  • Истражување – сигурно нема да бидете добро подготвени ако претходно не направите истражување. Можеби изгледа како губење време, но сигурно за еден ден нема да бидете толку многу информирани.
  • Опции – секогаш имајте повеќе опции. Ова е и поврзано со претходните две точки кои би требало да бидат еден од резултатите на планирањето и истражувањето. Ако имате повеќе од една опција, тогаш шансите да имате возможна идеја се многу поголеми.
  • Време – одредете време, да не биде неограничено само затоа што тогаш, уште сега ќе кажам, дека сигурно ќе биде повеќе невозможна работа отколку возможна. Имајте временски план, па дури и со одредени моменти на проверка.
  • Одвлекување и неуспеси – очекувајте дека по патот ќе има неуспеси или работи што ќе ве одвлекуваат од остварување на работите, но немојте да се обесхрабрувајте. Бидете свесни дека ова ќе се случи, но со добро планирање и истражување, шансите да се случат неуспеси по пат се многу мали, но и невозможни.
  • Зошто – пред воопшто да почнете да го правите невозможното, возможно, поставете си прашање, ЗОШТО го правите тоа да биде возможно. Кои се бенефитите и последиците. Тоа ќе ви помогне во решителноста да се направи возможно!
  • Споделување – споделувајте ги работите кои ги правите со луѓето околу вас и гледајте да бидат тоа релевантни луѓе. Со тоа ќе добивате интересни идеи – како понатака и дали понатака, но можно и да добиете негативни критики кои може да ве одвлечат од тоа да истраете. Затоа, внимавајте со кого ќе споделувате.
  • Искуства – Ако нешто не е направено порано, не значи дека не е возможно да се направи сега. Дека ќе биде потешко, тоа е сигурно, сепак вие сте први во тоа што го правите.
  • Успеси – сме споменале неколку пати во нашите текстови, а тоа е дека треба да им се радуваме на успесите. Тие нè охрабруваат невозможното да го направиме возможно!
Но едно е најважно, да се направи невозможното возможно, навистина е возможно! Дополнително на тоа, сигурен сум дека до сега сте го направиле и тоа, неколку пати.
Со успех во промените,
@kalin.babusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг