ВИП Супер лига 2 коло (резултати,стрелци,статистика)

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ОХРИД 2013     21:21 

Во дербито на колото во Битола екипите на Еурофарм и Охрид ги поделија бодовите во натпревар во кој двете екипи добија по едно полувреме. Кај домаќините најефикасен беше репрезентативецот Ојлески со 8 погодоци пред Мајнов со 4, додека гостите беа предводени од Блажески со 7, а по 4 дадоа капитенот Андоноски и Томислав Кљаиќ.

ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ 2    37:21

Екипата на Пелистер после минатонеделниот кикс во вчерашниот меч го совлада лесно вториот тим на Металург. Кај Пелистер најефикасни беа Филип Лазаров со 7, пред Чантурија и Михајло Митиќ со 6.  Кај Металург 2 се истакна Мартин Серафимов со 6.

ПРИЛЕП 2010 – ПРОЛЕТ 62  29:27

Прилепчани на домашен терен ја запишаа првата победа совладувајќи го тимот на Пролет. Домаќините ги предводеа Менде Петкоски со 8 и Костадин Вешоски со 7 гола, а за гостите најрасположени со по 4 погодоци  беа Ласко Андоновски, Филип Ролевски и Доне Мајнов.

ВАРДАР ЈУНИОР – РАДОВИШ  19:20

Радовиш се враќа со цел плен од гостувањето во Скопје каде го совлада тимот на Вардар Јуниор. Кај домаќините добра игра на Дејан Кукуловски, додека кај гостите продолжува да ги полни мрежите извонредниот Мирко Мајиќ кој денес даде 8 голови.

ВИП СУПЕРЛИГА МАЖИ (2017/18)

Напишете коментар