Адис Јаховиќ со Хет-трик за победа на Гозтепе (ВИДЕО)

СПОРТ

Поранешниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ постигна четири од петте погодоци  на денешниот натпревар. Напаѓачот на Гозтепе еднаш ја погоди сопствената мрежа и три пати ја тресеше противничката во натпреварот нагости против Сиваспор кој неговиот тим го доби со 3:2.

Во 16. минута Јаховиќ со глава ја погоди својата мрежа, а потоа сам донесе пресврт и победа за својот тим. Во 33. минута го изедначи резултатот на 1:1, а во судиското продолжение од првото полувреме постигна гол за 2:1 од белата точка. Третиот погодок го постигна го постигна во 53.минута исто така од белата точка.

https://www.youtube.com/watch?v=30TsLBHh3rA