РК Струга стартуваше со победа

Екипата на РК Струга предводена од тренерот Наум Танески со победа против РК Ринија од 31:28 (полувреме 18:14) ја започна новата сезона во првата ракометна лига.

Најдобар играч на овој меч беше централниот бек на стружани Валентино Белески преку кого одеа сите напади за домаќините при тоа постигнувајќи и 6 голови. Голема поддршка во реализацијата имаше и во Тодор Јанкулоски кој даде 8 голови и беше најефикасен и Цветан Кузманоски кој постигна 5.

Напишете коментар