Баделките го завршија турнирот во Бор

Во текот на вчерашниот ден се одржа меѓународен, меморијален турнир “Жикајло”, во Бор, Србија на кој учествуваа кошаркарките од ЖКК Бадел 1862. Баделките играа против екипата на Бор каде што игра нивниот поранешен член, Нина Трајковска. Натпреварот заврши во полза на домаќинките, односно 78:48 (27:16 24:10 13:10 18:12). Неколку часа подоцна, Баделките играа против екипата на Студент, Ниш и ја освоија третата позиција на турнирот.
Автор: Наташа Костовска

Напишете коментар