Замина сопственикот на Playboy

ЗАБАВА

На 91 годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес почина Хју Хефнер, сопственикот и основач на интернационалниот Плејбој магазин соопштија од Плејбој Ентерпрајз. Контроверзниот медиумски магнат починал од природна смрт.

Хју Хефнер започна да ја гради својата империја во далечната 1953 година сликајќи модели во својата кујна и подоцна издавајќи ги во најпродаваниот магазин на денешницата. Рекордните седум милиони печатени копии продадени за само еден месец ќе го издигнат Плејбој на ниво на респектабилна меинстрим публикација рушејќи ги сите табуа околу контроверзната тематика и содржина. Свилениот пиџама могул стана препознатлив и по неговиот изразен хедонизам организирајќи забави со атрактивните Плејбој модели на кои му завидуваа и воодушевуваа.

Првото издание на Мерлин Монро, промотивните Плејбој зајачици, харемот на Хју, империјата од бројни казина и ноќни клубови се само дел од идејниот револуционерен медиумски проект на  Хефнер кој во корен го измена забавниот класичен концепт и внесе свежина и сексипил во светскиот медиумски простор.