Двејн Вејд: Старите колеги повторно заедно

Двејн Вејд се согласи на едногодишен договор од 2,3 милиони долари со Кливленд Кавалиерс. Тој ќе се приклучи на неговиот колега од Мајами Хит – Леброн Џејмс.                                                                                                                                                                  Роден во Чикаго првобитно беше избран од страна на Мајами Хит во НБА пикот во 2003 (петта селекција) и освои 12 НБА Ол-стар селекции (2005-2016), вклучувајќи девет како стартер, како и почести на МВП за 2010 НБА во Далас. Вејд го достигнал плејофот 12 пати со три НБА шампионати (2006, 2012, 2013) и беше МВП на финалето во 2006 година.
Вејд се појави во 60 натпревари со Чикаго Булс во 2016-17, во просек 18,3 поени, 4,5 скокови, 3,8 асистенции. Тој беше единствениот од само шест играчи на Источната конференција со просек од најмалку 18,0 поени, 4,0 скока, 3,0 асистенции минатата сезона.Во текот на својата 14-годишна НБА кариера, Вејд играше во 915 редовни сезонски натпревари. Влегувајќи во сезоната 2017-18, тој е рангиран на 34-тото место во историјата на НБА за постигнати бодови со 21,317. Тој ги помина првите 13 НБА-сезони со Мајами Хит и замина во водство на франшизата (20,221 поени), асистенции (4,944), украдени топки (1,414) и натпревари (855).Вејд ја претставувал својата земја два пати во Кошаркарскиот тим на САД, освојувајќи златен медал на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг и бронзен медал на Летните игри во Атина во 2004 година.                                                                                                 Автор: Наташа Костовска

Напишете коментар