Нов пораз со стари слабости

СПОРТ

Вардар го одигра својот втор евро-предизвик во групна фаза и запиша нов пораз, но за разлика од минатиот натпревар во Скопје, вардарците се претставија во подобро светло. Почетокот можеше да не однесе во нов правец, но во 3-та минута место во мрежата Дејан Блажевски го погоди дирекот за молк на стадионот во Трондхајм. Теренската иницијатива не донесе ништо добро по резултатот, но затоа Розенборг со првото посериозно загрозување на голот стигнаа до наивен направен пенал од младиот дефанзивец Висар Муслиу, па Бентнер го изнуди и сам го реализираше пеналот во 15 минута од натпреварот.

Второто полувреме исто така домаќините од првиот удар од првото загрозување кон противничкиот гол со удар во 56 минута од дваесетина метри на Конрадсен го погоди самиот горен агол за дуплирање на водството. Се од тој момент Вардар беше поконкретен се обидуваше барем да стигне до почесен погодок каде се обидоа со удари од надвор на шеснаесетникот да го загрозат голот Барсегјан Хамбарџумјан, Бонаб Грнчаров, Дејан Блажевски и Бобан Николов но или ударите беа над голот или Хансен се справуваше лесно со заканите.

Но затоа во 68 минута Бентнер им ,,Продаде финта со петица за асистенција која десниот бек Хеделштад се најде во нападот па небранет од никого шутираше под телото на Гачевски за 3:0. После убедливот резултат имаше најава дека ќе ни се случи нова катастрофа, но за за наша  среќа Розенборг го намали темпото на игра се повлече на својата половина, а од другиот табор Чеде Јаневски се реши да ги пушти во игра младите репрезентативци Филип Стојчевски и Бесир Исени кој во финишот имаше убава шанса за гол, но од гол линијата расчистија дефанзивците, но затоа трудот се исплатеше во судиското надополнување каде Блажевски го проигра Фелипе кој од работ на шеснаесетникот на манир на голем фудбалски мајстор со лоб удар постигна атрактивен гол за деби гол на една македонска екипа во групна фаза во европски рамки.

Следен предизвик на Вардар е двомечот со Реал Сосиедат и нова шанса за освојување на првите бодови во групата каде апсолутни фаворити за првите две места се Зенит и веќе споменатиот шпански тим, а Розенборг и Вардар ќе треба да се потрудат да им ја отежнат фаворитската улога.