Петар Петковски:“Благодарение на Бојан, Петар влезе во светот на актерството”

Петар Петковски го глуми најмладиот член од ТВ серијата Фамилијата Марковски, односно Бојан Марковски. Има 15 години и е прва година во СГУС„Oрце Николов“.

Колку Бојан Марковски се разликува или има сличности со Петар Петковски и кои се тие?

Благодарение на Бојан, Петар влезе во светот на актерството и ги запозна најдобри македонски глумци. Бојан и Петaр се на иста возраст, a Бојан е најмалиот во својата голема фамилија, додека Петар има една сестра од која е постар во фамилија Петковски, и двајцата се бунтовни и сакаат правда.Бојан сака да снима влогови, а Петар многу сака да игра кошарка, да свири гитара, дасе дружи и излегува и никогаш не пропушта ниту еден натпревар кога игра Вардар.

Што те мотивираше да бидеш дел од серијата ?

Причината беше сестра ми Ивана. Таа оди на часови по глума и на фејсбук прочитала дека се организира кастинг за некоја серија во која се бараат девојчиња и момци од 13 до 17 години. Отидовме да се пријави, а таму имаше цела редица деца. Кога стигна на ред ме прашаа и мене зоштоне се пријавувам. Реков дека немам ништо подготвено, ниту пак знам како. Девојката која запишуваше ни кажадека денес само треба да се фотографираме па влегов и потоа следуваше втор, па трет кастинг …и на крајот дојде повикот дека баш мене ме одбрале за улогата на Бојан.Фала Ивана!

Серијата ја опфаќа реалноста во македонското општество. Што мислиш како ќе биде прифатена од македонската публика и дали има навестување за продолжение по завршетокот на 8-те епизоди?

Не знам за реалноста во македонското општество, но знам за мојата среќа и возбуда што бев дел од серијата.Исто така знам дека уживам во МОЈАТА РЕАЛНОСТ.

Што најмногу ти се допаѓа кај твојот лик?

Ми се допаѓа како се развива и расте Бојан , заедно со проблемите и предизвиците на своето семејство.Ми се допаѓа што има супер другари кои го поддржуваат. Во овие години тоа мене некако ми е најважно.

Тимската работа е важна во оваа улога. Како се справуваш работејќи во актерска екипа заедно со Сашко Коцев,Владимир Петровиќ, Александар Микиќ,Силвија Стојановска итн.?

Најпрво, сто пати благодарамдо Соња Стамболџиоскакоја беше мојот ментор во целиот овој процес. Таа ме воведе и ми даваше совети за секој нов предизвик и задача. Потоа режисерот Даријан Пејовски како и секој член од семејството Марковски, несебично ми помагаа, ме бодреа, ме смееја. Имаше снимања од по 10-12 часа ама мене сè ми беше интересно. Плус,поради голем број на актери кои што учествуваа во серијата имав можност од секој од нив да научам нешто.Мајка ми секогаш ми вика дека секој може да критикува, но само стручно лице може да пофали и затоа нивните пофалби многу ми значеа. Убаво било да си најмал во семејството.

Колкав предизвик преставува оваа улога за тебе и дали се стремиш да станешинволвиран во полето на актерството или имаш други аспирации?

Оваа улога ми донесе многу интересно искуство и желба актерството да биде дел од мојот живот.Во иднина сигурно ќе сезапишам на часови по глумазатоа што улогата дојде случајно ама ни случајно не сакам да си оди од мојот живот.Сакам повторно да имам можност да глумам.

Покрај актерството играш и кошарка. Кога започна и од каде желбата?

Со спорт се занимавам од пет години. Прво тренирав карате па кошарка во КК Вардар. Не знам од каде ама знам дека желбата е тука и ќе биде засекогаш. Сакам да играм, да гледам кошарка, ракомет, фудбал…

За крај дали би додал или порачал нешто на читателите на javisejuzna.mk?

Гледајте ја серијата Фамилијата Марковски…

Автор: Наташа Костовска

 

Напишете коментар