Фантастичниот Костески не и помогна на Селка

Екипата на нашите интернационалци Никола Костески и Виктор Гигов Селкаспор загуби на домашен терен од екипата на Нилуфер (Nilüfer Belediyesi SK) со 26:33 и со тоа го забележа првиот пораз во турскиот шампионат.

Костески и денес беше голгетерски расположен постигнувајќи 8 погодоци кои за жал не помогнаа неговиот тим да забележи победа. Во наредното коло екипата на Селка гостува кај тимот на Серик.

Напишете коментар