Елон Муск со амбиција за колонизирање на Марс до 2024 година (ВИДЕО)

ЗАБАВА
SpaceX има за цел да ја започне својата прва товарна мисија на Марс во 2022 година и да испрати луѓе кон Црвената планета само две години потоа.
Основачот и извршен директор на SpaceX, Елон Муск, го претстави решението вчера на 68-от меѓународен астронаутички конгрес во Аделаид, Австралија. Презентацијата служеше да се ажурира архитектурата од претходна презентација со воведување на огромна, комбинирана ракета-вселенски брод наречен Интерпланетен транспортен систем (ИТС).

Вселенските летала ќе орбитираат се додека времето не биде погодно за заминување на Марс (Таквите прозорци се појавуваат еднаш на секои 26 месеци.) Секој брод ќе може да носи околу 100 луѓе, а по слетувањето и разтоварањето на товарот и патниците, бродовите ќе ги надополнат резервоарите на површината на Марс со локално произведено гориво (метан и кислород), а потоа ќе се вратат на Земјата.

 Ако се оди според планот, два товарни бродови и два брода со екипаж ќе заминат за Црвената планета во 2024 година за да ја подигнат фабриката за производство на погон и да започнат да градат база. Овој град ќе продолжи да расте и расте, како што се повеќе и повеќе бродови доаѓаат со доселеници и снабдувања. Системот за ракетен вселенски брод може да се искористи за да започне со лансирање на сателити, да ја снабдува Меѓународната вселенска станица и да го исчисти вселенскиот отпад.

Извор: www.space.com                     Автор: Наташа Костовска