Вели Мумин: Имам понуди од странство да го пренесам моето боксерско знаење

ИНТЕРВЈУ

Кој беше ,,Виновникот” да Вели Мумин започне да се занимава со бокс ?

Најголем виновник за да почнам сериозно да се занимавам со бокс, е мојот тренер и педагог  Руждија Калач,  со неговиот методолошки пристап,  искреност и верба. Доволна беше една среба за да се всади љубовта кон боксот.

Од прва рака кажете ни каква дисциплина е боксот и со какви предизвици се соочува еден боксер ?

Боксот е благородна вештина. Тој е најтежок спорт, години наназад прогласен од светската институција FORBS. Освен физичкиот развој, боксот помага и во мисловниот и менталниот развој на индивиуата, односно влијае врз целокупната личност.

Еден боксер треба да има неколклу карактеристики кои ќе го направат врвен спортист. Пред се треба да биде храбар, да има вродена брзина, ментална стабилност и упорност.

Боксот во Македонија има голема традиција, но последните неколку години стагнира, гледате ли ,,Светло во тунелот” и подобро утро за боксот ?

Стекнатото  големото светско искуство, тренирајќи со најдобрите боксери и тренери во боксерските кампови, сфатив дека нас ни треба стабилен систем за да може програмата да се реализира. Голем дел од мојата кариера го поминав  во Р.Бугарија каде организацијата беше на вискоко и професионално ниво.  Боксерската програма е однапред испланирана и самата држава стои позади неа, резултатите односно бенефитот од сето тоа се големите успеси на светско ниво и развој на самиот спорт. Основниот проблем кај нас е недостатокот на едуцирани тренери, недоволни финансии и несоодветни услови.

Имаше блескава кариера, со многу настапи, победи, меѓународни успеси, медали и кој дел од вашата кариера ви остави најдобар впечаток?

Најголем впечаток  како и сигурност дека ќе бидам врвен спортист е првиот медал на државно првенство, каде што победив во првата рунда со нокаут. Секако и моите наредни успеси 3-те 5-ти места на Европско првентво, 2-те бронзени медали на Европско првенство, 5-то мсто на Светско првенство.

Дали Олимписките Игри се ваш неостварен сон ? Дали не заслужија сите ваши успеси да се подржат од МОК од Агенцијата за Млади и Спорт од боксерската федерација, од државата да не претставувате на ОИ и од таму да не израдувате со олимписки медал ?

Секако, иако три пати во мојата кариера бев со една нога на Олимписките игри – Синдеј, Грција и Кина. Но поради нестручното раководство во Олимпискиот комитет да препознаат олимпиец, бев засенет од Олимпискиот комитет.   Додека поранешната политика на АМС беше да го потпомагаат спортот а не да се грижат за него. Мислам дека тие две институции се виновниците што не успеав да стигнам до Олимписки медал. Несоработката помеѓу двете институции да се грижат за спортот доведува до негов пропаст. Во иднина се надевам дека овие проблеми ќе се надминат, и нема да се случуваат падови во целокупниот спорт во Македонија.

После завршувањето на вашата спортска кариера ја отворивте вашата боксерска академија ,,Вели Мумин”. Па кажете ни збор два околу вашата академија, колку време опстојувате, кои дисциплини ги има и како сте задоволни од сето тоа ?

Гледајќи како овие две спортски институции  ОК и АМС (иако сум вработен во АМС) немаат слух за моето светско искуство, да ме искористат во гравењето на спортот односно боксот  во Македонија каде и сум најкомпетентен во таа област, решив да ја отворам боксерската акдемија „Вели Мумин“, каде се проширивме и се збогативме со повеќе светски стилови како што се Piloxing, Piloxing knockout, cardio boxing, бокс за деца од 4-11години, спортски активноти за деца од 2-4 години како и fit mama. Нашата програма е сопфатна и ги вклучува сите категории на граѓани. Веќе 4-та година како се грижиме за здравјето и убавиот изглед на нашите членови. Нашите очекувања се надминати и сме пријатно изненадени од интересот, како и вклучувањето на понежниот пол да ја изучува оваа благородна вештина, не само како спортска дисциплина, туку и како средство кое ќе им обезбеди заштита и сигурност.

Кои се твоите идни планови, каква порака ќе им испратиш на нашите верни читатели на javisejuzna.mk ?

Нашата академија има соработка и со клубови од Европските земји, од каде добивам понуди, за моето знање и искуство да го пренесам на нивните ученици.

Вежбајте и хранете се здраво, но првенствено предводени од професионалци.

Предраг Јанчески