РК Струга пружи отпор но сепак е поразена

На денешното гостување во Скопје екипата на РК Струга иако пружи силен отпор против фаворизираниот домаќин РК Бутел на крајот загуби со 21:17.

Силниот тим на РК Бутел кој во своите редови има многу играчи кои имаат и суперлигашко искуство добро го започна мечот и на полувреме водеше со 13:6. Сепак во второто полувреме избраниците на Танески  ја стегнаа одбраната и за цело полувреме примија само 8 погодоци но тоа не беше доволно да се избегне поразот. Најефикасни кај РК Струга беа Јанкулоски со 6, Кузманоски со 4 и Стојанов со 3.

Напишете коментар