Никола Јосески – Kоктел културата ни е на многу ниско ниво

ИНТЕРВЈУ

Како започна и како се одвива Вашата кариера на бармен?
Mојата кариера како бармен според мене започна во едно култно место за стружани кое се викасе СоХо, иако јас работев и претходно по ноќните клубови во Струга, Оаза и Гламур, благодарение на мојот идол и добар пријател Марјан Кукунешоски кој беше бармен и сопственик на локалот јас станав она сто сум денес. Таму за прв пат видов што е коктел…. И од тој момент се е историја….. За жал место како СоХо никогаш повеќе не му се случи на Струга, а како сто стојат работите нема ни да има, а коктел културата ни е равна на 0….

Kaжете ни кои квалитети треба да ги поседува професионалниот бармен?
Професионалниот бармен треба да е секогаш насмеан, ведар, позитивен, никако тема на разговор да не му е политика (тоа е ранлива тема на разговор кај нас 🙂 и домашните проблеми секогаш се оставаат дома…. За жал такви бармени во Струга нема… Сите те гледаат како да сакаш лебот да им го земеш, а не дај боже да се потрудиш на некој нешто да му објасниш или да му покажиш… 🙂

Дали Стружани и општо Македонците имаат навика да пијат коктели? И кој повеќе сака да пие коктели жените или мажите ?
Нивото на коктел културата општо во Македонија оди во нагорна линија се повеќе и повеќе…. И тоа благодарение на неколку луѓе ентузијасти кои се залагаме и со сите сили и напори се трудиме да биде така… Голема улога во тоа има и првиот Speakesy Mixology bar во Скопје, каде и се одржуваат часовите по обука за бармени…. Е сега кога сме кај стружани веќе кажав за жал коктел културата во градов ни е испод 0 освен во летниот период кога се зголемува бројот на туристи, а со тоа и побарувачката на коктели…. Кај нас во Струга уште постои оној стереотип дека коктели се пијат само во лето…… И дефинитивно девојките повеќе сакаат да пијат коктели, повеќе сакаат да експериментираат, а со сaмото тоа се и похрабри според мене….:)

Кои се коктелите кои најчесто се нарачуваат ?
Oпшто во Македонија сеуште се пијат коктели кои сме ги слушнале некаде нели… Или сме ги пиеле некаде…… Голема улога во тоа заземат и филмовите (Sex and the city) Cosmopolitan, Gothfather, Cocktail……кај нас уште се популарни sex on the beach, tequila Sunrise,mojito т.е. коктели кои веке одамна во популарните коктел барови не се спремаат……..Пред се како туристичко место мора да ги пратиме светските трендови….
Кои се Твоите омилени коктели кои сакаш да ги приготвуваш ?
Јас во принцип сакам да пијам кисели и горки коктели….. Hemingwey special, Negroni. Во последно време е многу популарно да се прават коктели по желба на барменот, јас ги нарекувам моментална инспирација 🙂 и најчесто си приготвувам нешто такво, многу сакам Џин, Рум и добро Виски, па често се случува изборот на пијалок да ми биде Џин и тоник, Рум кола или некое чисто Виски. Сакам да ги приготвувам сите коктели, немам омразени коктели што не сакам да ги правам….секогаш изборот на гостинот е најбитен…. Тоа ние работа нели…. 🙂

Во Октомври 2016 како најдобар бармен од Македонија не претставуваше во Токио на Светското првенство за бармени од целиот свет. Пренеси ни го искуството од таму ?
Ова ми беше второ светско првенство како натпреварувач, претходно бев и во Софија како набљудувач… Слободно можам да кажам дека воопшто не заостануваме позади никој во светската коктел култура…. (освен Јапонците 🙂 ), кои се дефинитивно луѓе од друга планета според мене. Токио како голем центар на коктел културата го направи најубавото Светско првенство во коктели (WORLD COCKTAIL COMPETITION) кое некогаш и било каде се одржало….Задоволни сме од она што го постигнавме и ако секогаш може и подобро…. Се надевам оваа година во Копенхаген нашиот претставник ќе има и поголем успех…
Што ќе им посакаш на нашите читатели ?
На вашите читатели ќе им посакам секогаш да се ведри и насмеани…..секогаш да пијат коктели и да се потрудат на Струга да и го вратиме ноќниот и културниот живот….. Туристичко место сме нели?