Продолжуваат натпреварите од третото коло на ПЛМ

СПОРТ
Гостивар, Карпош Соколи и Блокотехна на врвот од табелата. Во понатамошните натпревари дознаваме дали и Работнички ќе им се придружи со 3 победи и ниту еден пораз.
Блокотехна – Шкупи (83:115)
Блокотехна реди успеси и во домашната и во БИБЛ лигата. Тренерот Марјан Илиевски сигурно е презадоволен со досегашниот успех. Тие се наоѓаат на врвот на табелата откако го совладаа Шкупи со 83-115. Најефикасен беше Бенџамин со 28 поени, а за Шкупи – Харис со 27.
Целосна  СТАТИСТИКА

Фени Индустри – АВ Охрид (92:82)
Фени Индустри ја заработи првата победа во лигата, по поразите од Работнички и Гостивар. Тимот на АВ Охрид заостануваше со 10 поени разлика и покрај упорноста на Бери со 31 поен. За Фени најефикасен беше Дејвис со 29 поени.
Целосна  СТАТИСТИКА

Куманово – Карпош Соколи (83:94)
Соколите не попуштаат и продолжуваат со победите откако на гостински терен ги победија кумановци во последната четвртина уфрлајќи 32 поени наспроти 12-те на домаќините. Најефикасен за Карпош беше Соколов со 22 поени, а од спротивната страна Милкович со 19 поени.
Целосна СТАТИСТИКА


Пелистер – Гостивар (79:91)
Гостивар исто така продолжува со победи откако го совлада Пелистер, а играч кој штотуку се придружи на составот е Роберт Луис и постигна неверојатни 40 поени. За екипата на Пелистер се издвојуваше Сегариќ со 20 поени.
Целосна  СТАТИСТИКА
Извор: Македонска Кошаркарска Федерација
Автор: Наташа Костовска