Videos

Панама го слави пласманот на СП во Русија (ВИДЕО)

За прв пат во нивната историја Панама се пласира на еден мундијал, иако на последниот натпревар против Костарика имаа негатива од еден гол во второто полувреме направија целосен пресврт за победа и за историски подвиг и делириум и еуфорија на целата држава. На крај фудбалерите, навивачите и коментаторите не можеа да ги запрат емоциите и во солзи радосници го дочекаа тој момент.

Предраг Јанчески

Пандев до Трајковски за голем бод против Италија (ВИДЕО)

По прекрасната асистенција на Горан Пандев во 73 минута Александар Трајковски го матираше големиот Џанлуиџи Буфон со што репрезентацијата на Македонија се избори за реми против Италија на гостувањето во Торино.

Сино – белите со пораз од ФМП (ВИДЕО)

ФМП беше домаќин на МЗТ Скопје Аеродром во Спортската сала ФМП, Белград. По триумфот над Партизан, овој пат МЗТ попушти пред тимот на ФМП и го заработи својот прв пораз (100:72).
За МЗТ стартната петорка беше составена од Стојановски, Трајковски, Лалич, Гарсија и Бејли. Првата четвртина заврши со предност за МЗТ , 26:25. На почетокот од вториот период ФМП ја превзеде контролата и водеше со 37:29 на 6:30 минути до крајот на периодот, но Гарсија со 3ка , потоа и асистенција за Лалич, предноста се намали на 37:34. И покрај тоа на полувремето ФМП замина со предност од 7 поени односно 44:51. Предноста се зголеми и во вториот дел од мечот на кој што ФМП водеше со 9 разлика на крајот од третата четвртина (70:61). Последната четвртина беше најкатастрофална за МЗТ бидејќи не можеа да го сопрат ФМП, а воедно и шутот беше слаб со само 11 погодоци од четвртина додека ФМП имаше 30.
Најефикасен поединец за МЗТ беше Гарсија со 16 поени, 2 скока и 4 асистенции , потоа Лалич со 12 поени, 4 скока и 1 асистенција , за ФМП најефикасен беше Бурсач со 17 поени, 3 скока, 2 асистенции и 2 украдени топки.
Следниот наптревар е против екипата на Задар на 9 октомври во Скопје.
Комплетната статистика од мечот може да ја погледнете на следниот ЛИНК.

Извор: aba-liga.com

Наташа Костовска

Малдиви- романтичен одмор од соништата (ВИДЕО)

Малдивите или Малдивските Острови се островска земја која се состои од 26 атоли во Индискиот Океан, југозападно од Индија и околу 700 км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени – 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси. Со површина од 298 квадратни километри и со 328.500 жители, Малдивите се најмалата и намалубројната земја во Азија.

Природата, рајските плажи со бел песок, уникатниот подводен свет и луксузот, ја прават оваа дестинација идеална и примамлива за секој што сака да ужива во својот одмор.  Aрхипелагот Малдиви со 1200 корални острови ја прави оваа дестинацја многу атрактивна и претставува синоним за романтичен одмор од соништата и претставува дестинација која треба да се посети барем еднаш во животот.

Извор: Maldives Resorts, википедија

 

ТОМБ РАЈДЕР: Новата Лара Крофт

Актерката Алисија Викандер е подготвена да влезе во чевлите на Анџелина Џоли и да ја игра Лара Крофт 15 години по последниот филм на Џоли, Tomb Raider: The Cradle of Life.
Поставувањето на ликот на Викандер не се базира на Лара Крофт од претходните филмови. Од облеката на Викандер до новото опкружување што го истражува во филмот, тој е основан на соодветните игри од 2013 и 2015, Tomb Raider и Rise of the Tomb Raider. Не е на одмет да се погледнат и компјутерските игри кои имаат прекрасна графика и приказна која прави да сочуствуваме со ликот на Лара.

Tomb Raider ќе биде објавен на 16 март, 2018 година.

Трејлер за филмот на следниот ЛИНК .

 Трејлери од игрите

Леон Кровли – Ирски гениј за билијард (ВИДЕО)

Леон на само 11 години успеа да стигне до финалето на У 18 и полуфиналето на У 21 во Карлоу за време на викендот, кој сега го доби националниот рејтинг број 2, наскоро да биде број 1.
Видеото од малиот гениј може да го видите на следниот ЛИНК.
                                                                                                                                                           Автор: Наташа Костовска 

Ејпл престави нови телефони на пазарот (ВИДЕО)

На 12-ти септември 2017 година Ејпл ги престави iPhone 8, iPhone 8 Plus и iPhone X како резултат на прославата на 10 годишнината на Ејпл и искажувањето почит на Стив Џобс како основач.Првиот iPhone беше пуштен во продажба на 29-ти јуни 2007 година и оттогаш Ејпл имаше продажба на над 1 билион од нив во светски рамки.
Новите карактеристики на iPhone 8 вклучуваат безжично полнење, 4к видео, додека iPhone X вклучува нов дизајн базиран на смарт телефоните,вклучувајќи препознавање на лицето на корисникот наместо хоме копче, потоа анимирани емоџис (Анимоџис) и многу повејќе. iPhone 8 има почетна цена од 699 долари, а iPhone X достигнува 999 долари и тие ќе бидат пуштени во предпродажба од 3 ноември 2017.

Наташа Костовска

 

Кого повикува Викторија Лоба (ВИДЕО)

Македонската пејачка Викторија Лоба го објави спотот за песната “Дојди”. Режијата на спотот е на Огнен Шапковски. Музиката и аранжманот за оваа песна ги направи нашиот хитмејкер Роберт Билбилов, додека текстот е дело на самата Викторија. Уживајте во оваа прекрасна тема со заразен ритам.

Словенија и Драгиќ преголем залак за Шпанија (ВИДЕО)

ШПАНИЈА – СЛОВЕНИЈА: (72-92)
Шпанија налета на Словенија која им приреди изненадување оставајќи ги зад себе ,упатувајќи се кон финалето.Словенците запишаа историја и стигнаа до финалето за прв пат ,освојувајќи ја својата 13 победа во низа.Рандолф и Драгиќ со по 15 поени,а Дончич со 11 предводеа кон победа,а за Шпанците најефикасен беше Пау Гасол со 16. Словенија го започна натпреварот со одличен старт,уништувајќи ја шпанската одбрана со 4-6 погодоци за три поени водејќи 16-10 со уште 3 минути остаток од првата четвртина.Састре се обидуваше да остане во чекор со Драгиќ,а Серхио Родригез на Препелиќ. Огромна офанзивна игра на Састре, добивајќи го својот погодок за три поени и 30-25,па Кокошков побара тајмаут. Словенија водеше 40-38 на 3:28 до полувремето, меѓутоа Драгиќ ја одвлекуваше шпанската одбрана околу себе, Дончиќ повторно се надмина, а и Препелиќ не беше на одмет. Тројцата се здружија на 26 поени и Словенија повторно беше блиску до двоцифрено водство, но Пау Гасол не го дозволи тоа.Пет поени по ред и Шпанија го намали јазот до 47-43, но на крајот од полувремето Словенија водеше 49-45 од кои што 10 од 15 обида беа за три поени. Словенија успешно ги чуваше браќата Гасол и постигнаа 6-0 со почеток во четвртината со што го принудија Скариоло по само три минути да повика тајмаут. Словенија имаше водство од 73-57 на крајот од третиот период. Досега Пау Гасол не беше доволен за Шпанија. Словенија беше импресивна во напад и во одбрана. Серхио Скариоло правеше тактики во одбраната, но дури и кога Словенците промашија погодок, Горан Драгиќ беше таму за да го исчисти нередот и да ги освои неговите први бодови во вториот дел. Реализацијата за шутот од 3 поени беше 56% за Словенија и 26% за Шпанија, додека за 2 поени беа изедначени со по 50%.Во слободните фрлања Шпанија имаше 94%, а Шпанија 67%. Словенија продолжува во финалето , а против кого ќе дознаеме во утрешниот натпревар меѓу Србија и Русија.
Во продолжение видеото на кое Драгиќ постигнува тројка и изнудува фаул:
Наташа Костовска

Наскоро нова македонска тв серија “Фамилијата Марковски” (ВИДЕО)

Македонија, 2017 година. Фамилијата Марковски се соочува со многу предизвици што ги носи животот во едно општество со константни политички и социјални турбуленции.

„Фамилијата Марковски“ е нова играна ТВ серија од осум епизоди, чие дејствие е инспирирано од вистинити приказни од секојдневието на македонските граѓани.

Главни протагонисти се членовите на фамилијата Марковски. Бојан е 15-годишно момче чија пасија е снимање на видео – блогови (влогови) што од забава стануваат негова моќна алатка за иницирање на промени.

Неговата сестра, Јана (27) е млад амбициозен архитект која се соочува со морална дилема – дали да застане зад сомнителните проекти на архитектонското студио во кое работи, а го води нејзиното момче, или да го зачува сопствениот интегритет.

Виктор (24), постариот брат на Бојан, и покрај магистерската диплома се мачи да најде работа, а паралелно крие и огромна тајна од своите најблиски.

Иван, таткото на Бојан, чии планови и амбиции се распаѓаат во времето на приватизацијата, прифаќа разни ангажмани и привремени работи играјќи на картата на политичка неутралност.

Лиле, мајката на Бојан, е најголемиот поборник за правда во фамилијата Марковски, чија издржливост е ставена на тест откако е присилена да учествува во сомнителни активности на своето работно место.

Проектот ТВ серија „Фамилијата Марковски“ е во продукција на АРТ ПРОЕКТ ЛАБ од Скопје и е овозможен со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД.

„Фамилијата Марковски“ наскоро ќе почне да се емитува на телевизијата „Канал 5“.

Режисер на ТВ серијата е Даријан Пејовски.

Главните улоги ги толкуваат: Петар Петковски, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ, Александар Микиќ и Силвија Стојановска.

Ви го прикажуваме трејлерот за новата македонска серија „Фамилијата Марковски“ која наскоро ќе почне да се емитува на телевизијата „Канал 5“.

Извор: Фамилијата Марковски