Tag Archives: историја

Балканскиот Индиана Џонс

Семир Османагиќ,  откривачот на босанките пирамиди  професорот по Антропологија  на угледниот Американски Универзитет во Босна и Херцеговина и  член на Асоцијацијата на археолози од Александија, на Факултетот за туризам во Охрид  неодамна одржа предавање на тема: Босанските пирамиди во Високо.

Како оснивач на непрофитната фондација  Археолошкиот парк –  ,,Босанската пирамида на сонцето,,  професорот Османагиќ во своето предавање најпрвин се осврна на почетоците и потешкотиите со кои се соочувал при откривањето на пирамидите: Проектот на кој посветил повеќе од десет години од својот живот и  кој  со своето постоење според професорот Османагиќ во целост ја менува досегашната пишана историја  за развојот на човештвото и неговата цивилизација. Предавањето меѓу другото беше замислено и како своевидна презентација на откривањата кои досега се направени, промоција на градчето Високо и неговата околина како и долгорочните ефекти кои ова откритие  ги има врз туристичкиот регионален  развој. Со примери беше утврдено дека Босанската долина на пирамидите претставува најголемиот и најстар светски комплекс на Пирамидални градби.  Дека тоа не се дела на мајката природа туку градби на древна интелигенција со своевидна намена за која треба дополнително да се истражува.

За староста од кога датираат беше објаснето дека според  радиокарбонските анализи извршени на основа најден органски материјал  во Киев во 2013 та година, (пронајден лист од дрво помеѓу бетонските блокови на пирамидата), староста на Босанската пирамида на сонцето е утврдена на 29.200 години +/- 400 години или календарски 34000 години (според професорот Paul Laviolette, 2015г.) Со ова тврдење но и со бројни примери низ предавањето харизматичниот професор Османагиќ истакна дека Босанската пирамида на сонцето е најстарата досега позната и откриена пирамида во светот.

Во заклучоците на првата меѓународна конференција за Босанската долина на пирамидите одржана во август 2008 ма, каде учествувале педесет и пет водечки стручњаци  од 13 земји од светот, се донел следниот заклучок ,,босанската пирамида претставува археолошки феномен кој треба интензивно да се истражува,, Во понатамошните четири меѓународни конференции  одржани во периодот од 2011 до 2014 та дополнително било  утврдено дека врз основа на довиените наоди од истражувањата светските книги по историја треба да се менуваат заради погрешните учења околу староста, постоењето и намената на пирамидите Истражувањата се започнати во Април 2005 та кога антропологот  ја постави хипотезата за постоењето на комплексот пирамиди и мрежата од подземни тунели. Подоцна е продолжено со формирањето на непрофитната Фондација Археолошки парк. Ова мултидиспилинарно научно истражување денес претставува најголем светски археолошки проект кој привлекува десетици илјади туристи, волонтери и истражувачи од целиот свет.

Комплексот пирамидални градби  го сочинуваат: Босанската пирамида на сонцето (Височица) која со својата височина од 220 метри е далеку повисока од Кеопсовата пирамида,  потоа Босанската пирамида на месецот (Плешевица) висока 190 метри, Пирамидата на змајот ( Бучки гај) со 90 метри и возвишувањата Храмот на мајката земја (Крстец) и Пирамидата на Љубовта (Чемерац). Пирамидата на Сонцето, месецот и змајот формираат правилен еднакво-страничен триаголник со меѓусебна оддалеченост на врвовите од 2170 метри.

Во продолжение неколку неоспорни факти добиени на основа извршените истражувања врз Пирамидата на сонцето:

  • Според мерењата на Геодетскиот завод на БиХ од 2006 та, ориентација на страните на пирамидaта е скоро совршено  насочена кон космичкиот север со минимално одстапување од еден степен или 12 секунди,
  • Георадарските снимања на германските  геофизичари во 2007 мата, утврдиле постоење на премини и тунели во внатрешноста на пирамидата,
  • Хрватскитете физичари во 2010 та година детектирале постоење на енергетски зраци во радиус од 4,5 метри кои продираат низ самиот врв од внатрешноста на пирамидата,
  • Тим составен од италијански, фински и српски стручњаци во периодот од 2011 до 2014 та година на врвот од пирамидата, детектирале и измериле феномен на електромагнетско поле, ултразвук и инфразвук од вештачко потекло,
  • Сенката на Босанската пирамида на сонцето во текот на летните месеци ја покрива Босанската пирамида на месецот при залезот на сонцето покажувајќи јасен астрономски однос помеѓу овие две пирамиди.

Повеќе информации можете да добиете на официјалниот сајт на Фондацијата археолошки парк – Босанската пирамида на сонцето

www.piramidasunca.ba