Tag Archives: музика

Македонски евергрини – Влатко Лозаноски “Сонце не ме грее”

Во рубриката македонски евергрини ви ја презентираме преубавата “Сонце не ме греe”.

“Сонце не ме грее” е промовирана на 1 јануари 2008 во Битола, а додека Видео Записот е на 14 Фебруари 2008 година (Св. Трифун и на Денот на Вљубените)
Наградена е на Радискиот фестивал МАРС како најслушана песна на радиостаниците во Македонија, за 2008 година.
– Второ место на фестивалот Златни Крилја во Молдавија, како дует со Магдалена Цветкоска.
– Второ место на фестивалот Славјански Базар во Витебск, Белорусија.

Песната ја исполнува Влатко Лозаноски, музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски,а текстот го напишал Милан Миланов.

Извор : Lozano – Vlatko Lozanoski

Македонски евергрини- Наум Петрески “Ноќва пеам само за неа” (ВИДЕО)

Рубриката македонски евергрини ја зпаочнуваме со една од најубавите песни на Наум Петрески “Ноќва пеам само за неа”. Комплетен автор на оваа прекрасна композиција е Љупчо Трајковски – Фис.

Кого повикува Викторија Лоба (ВИДЕО)

Македонската пејачка Викторија Лоба го објави спотот за песната “Дојди”. Режијата на спотот е на Огнен Шапковски. Музиката и аранжманот за оваа песна ги направи нашиот хитмејкер Роберт Билбилов, додека текстот е дело на самата Викторија. Уживајте во оваа прекрасна тема со заразен ритам.

Ги немаме 2 CELLOS но го имаме ПЕТАР со неговата виолина (ВИДЕО)

Прекрасна преработка на големиот хит ” DESPACITO” овојпат од Охриѓанецот Петар Маркоски кој направи прекрасен ковер со помош на неговата виолина. При изработка на ова прекрасно парче му помогна и неговиот другар и продуцент Даниел Јовески. Навистина вреди да се слушне и оваа верзија на овој хит која Петар  ја направи со многу љубов. Уживајте.

Последните Селани – Садам Жито (ВИДЕО)

Денес беше промовирана најубавата пародија на големиот мегахит “Despacito” . Насловот на ова прекрасно парче е “Садам Жито”  а го исполнуваат Последните Селани. Видеото го изработи Pikado Creative Collective, режијата е на Гоце Цветановски, додека музички продуцент е Александар Митевски. Во спототот се појавуваат многу познати лица како Драган Спасов Дац, Сашко Коцев, Тања Кочовска, Нино Леви, Гаро Јуниор, Алфонсо и други.

Анита Мицова посеа Златно Жито (ВИДЕО)

Анита Мицова вчера го промовира видеото за песната “Златно Жито” . Видеото е снимено во соработка со Горила Продукција а покрај Анита во спотот се појавуваат и Оливер Китаноски, Ристе Билјаноски и Анѓелко Гече Јовчески.

Песната “Златно Жито” е една од композициите на албумот Ти сум јас. Музиката и аранжманот за оваа нумера се дело на Весна Малинова Бабамова, додека аранжманот го направи Кирил Бабамов.

Која е првата љубов на Ангела Стрезоска (ВИДЕО)

Младата и талентирана пејачка Ангела Стрезоска настапи на Лешочкиот Фолк Фест 2017 со песната “Прва љубов” . Музиката и аранжманот за оваа прекрасна композиције се дело на Сашо Ливрински, додека текстот го напиша Мишко Талески.

“Лична Лена” на Марјан Васкоски доби спот (ВИДЕО)

Марјан Васкоски сними спот за песната Лична Лена” во соработка со ИН Продукција. Музиката и аранжманот за песната се дело на Златко Миладиноски, додека текстот е дело на Крсте Наумоски-Мечкар.

Во спотот учестуваат членови на студиото Солзи и Смеа, ансамблот АФ Гоце Делчев-Битола,  модното студио Шанел. Спотот е сниман на локации во Битола помеѓу кои и манастирот Св. Илија – с. Крклино. Во продолжение погледнете го прекрасниот спот .

Прекрасни забави на Summer Beach Festival 5 во Ангелс Кафе (ФОТО)

Ангелс Кафе во Штип овие три дена е организатор на Summer Beach Festival 5. Како дел од многуте Ди-џеи кои се присутни таму се Марга Сол, Никифор, Димитрис Патсис, Ксениа Гали, Панчо, Гоце Саф, Ангело…Впрочем да не испуштиме некој погледнете ја целата програма.

Погледнете и неколку фотографии со дел од атмосферата од вчера и денес. Навистина вреди да се биде дел од овие забави викендов во Ангелс Кафе.

 

Лешочки Фолк Фест 2017

На 27 август, недела во Лешок во манастирскиот комплекс Св. Атанасиј и Св. Богородица ќе се одржи Лешочкиот Фолк Фест 2017. И оваа година своето учество го потврдија  многу наши познати естрадни имиња како што се : Блага Петреска, Сузана Спасовска, Јордан Митев, Милица Кузмановска, Спасен Силјаноски, Далибор Ѓошиќ и уште многу други познати но и млади пејачи кои допрва доаѓаат. Ги покануваме сите љубители на фолк музиката во недела да го проследат овој реномиран фестивал и да уживаат во преубавата Македонска песна.