Tag Archives: ракомет

Гледајте ракомет во живо: Македонија-Шпанија

Натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија кој започнува од 19 часот од младинското СП во ракомет може да го погледнете на следниот линк.

Младинско СП во ракомет – статистика

Поминаа три кола од Младинското СП во ракомет во Алжир. После овие три кола време е да видиме каква е статистиката.

Најдобар стрелец досега на шампионатот е човекот што ја торпедира Македонија Скендер Зајед (Тунис) со 30 погодоци пред Ласе Моелер (Данска) и Матеј Хрстиќ (Хрватска) со по 27 голови.

Листата на најдобри асистенти ја предводи Ласе Моелер (Данска) со 17 асистенции, пред Мустафа Хеиба (Катар) со 14 и Палсон (Исланд) со 13 асистенции. Високо на листата на делба на 6-то место е и нашиот Филип Талески со 11 асистенции.

Кај голманите најдобар е Урх Кастелиќ (Словенија) со 38,6 % одбранети удари пред Џулиан Мејер (Франција) со 37,1 % и Калифа Гедбане (Алжир) со 35,3 %.

Во нашата репрезентација досега најдобар стрелец е левото крило Давор Палевски со 16 голови и одличен процент на реализација од 76,2 %, најдобар асистент како што напоменавме кај нас е Филип Талески со 11 асистенции. Кај голманите Никола Даниловски брани со 32,4 % успешност, додека Мартин Томовски со 27,1 %.

Извор на податоци: Internacional Handball Federation

Стефче Алушевски направи моќен тим

РК Пелистер од Битола направи конкурентен тим за наредната сезона. Во екипата од минатата сезона останаа левото крило Бојан Маџовски, Везенкоски, Митревски, Ивановски, Николиќ, Чантурија и пикерот Димитровски.

Нови имиња во екипата се Жарко Чуриќ, Михајло Митиќ, Милош Ивиќ , Вељко Давидовиќ, Горан Раковиќ,  голманот Милош Рајчиќ , Теимуруз Орјоникидзе, Александар Босеовски , Томи Јагуриновски и повратникот од Романија искусниот репрезентативец Филип Лазаров.

Со ваков ростер Алушевски ќе има конкурентен тим во борба за што подобар пласман во Македонската Супер лига.

Македонија ја прегази Буркина Фасо

Младите ракометари на Македонија на СП во Алжир ја победија Буркина Фасо со 48:20. Целиот натпревар помина во огромна доминација на нашите ракометари. Сите играчи кои беа во составот  добија шанса да играат на овој меч.

Наредниот натпревар го играме против селекцијата на Тунис.

Македонија со одличен старт на СП

Македонската младинска ракометна репрезентација имаше одличен почеток на Светското првенство во Алжир откако ја победи Русија со високи 29:22.

Најефикасен во нашата репрезентација беше пикерот Арсеновски со седум погодоци, шест постигна Кузмановски, пет Јагуриноски, по четири реализираа Талески и Палевски. На голот  Мартин Томовски имаше осум одбрани.

Талески и дружината утре го започнуваат походот кон медал

Младинската репрезентација на Македонија отпатува за Алжир каде утре во 15 часот го започнува СП во ракомет за млади ракометари. Нашата репрезентација гледајќи го составот на ракометари со кој располагаме претставува еден од фаворитите од сенка за освојување и на некој од медалите.

Среќно дечки што и да направите, Македонија е горда на вас!

Сара Митова заминува во Данска

Mакедонска репрезенатативка, Сара Митова станува интернационалка и од Македонија се сели во Данска во екипата на Сондерјиске.

Клубот денеска на својата веб страна и официјално го потврди ангажманот на Митова која во изминатите сезони беше дел од Вардар и СЦЈС Вардар.

Бојан Маџовски останува во Пелистер

Талентираното лево крило  Бојан Маџовски останува во Пелистер и во наредната сезона. Иако имаше неколку понуди од други клубови, добрите игри на Бојан мината сезона беа препорака тој да биде еден од играчите врз кои ќе се гради силниот Пелистер за наредната година.

Основни карактеристики на ракометната игра

Ракометот како спортска игра која има колективна карактеристика има и свои обележја и основни карактеристики  како спортска игра:
– индивидуална креативност кај ракометарите
– богатство на природни форми на движења
– различни движечки структури
– динамичност
– брзинска максималност
– соработка и усогласени групни и тимски дејства
– ситуациска борбеност кај играчите

Поаѓајки од погоре напишаното секој ракометар треба да почитува, затоа што е добро да се испочитуваат замислите и поставувањето на тренерот.  Често пати тој знае да каже дека индивидуалноста на ракометарот е добра карактеристика која мора да се презентира на теренот.  Но, мислам дека во колективните спортови каков што е ракометот најважно е ракометарот да не испадне од сопствената тимска “машина“.

м-р Ангелче Гушев-kineziologija.mk

КОСТЕСКИ ЗАПОЧНУВА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КАРИЕРА

Никола Костески извонредното десно крило реши да започне интернационална кариера. Од многуте понуди кои стигнаа на негова адреса се одлучи за амбициозната екипа на Селка Спор од Турција. Негов соиграч таму ќе биде искусниот македонски голман Виктор Гигов. На Костески му посакуваме успешна интернационална кариера. Continue reading КОСТЕСКИ ЗАПОЧНУВА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КАРИЕРА