Tag Archives: тенис

Федерер е тениски Олдтајмер

Финалето на Вимблдон помина во доминација на тенискиот Олдтајмер Роџер Федерер кој тревнатата подлога му е омилена за игра. Во неполни два часа го победи својот опонент и предизвикувач хрватскиот тенисер Марин Чилиќ во сетови: 6:3, 6:1 и 6:4. Ова за него беше 8-ма титула на Вимблдон инаку 19-та Грен Слем титула. Кога сите му предвидуваа скорешен крај на неговата богата кариера, тој мирно работеше и повторно се врати во најтесна конкуренција за титули. Ако во минатото тенискиот век беше до 30 години активен тенис, во денешно време сите топ тенисери се над границата од 30 години, па освен Федерер, тука се и Ѓоковиќ, Надал, Мареј, Бердих итн.

Александра Симева: Спортот е најдобрата активност која не одржува со здрави и добри навики

Потекнуваш од спортско семејство. Што те поттикна да се одлучиш за тенисот како спорт?

-Да, точно е,  јас потекнувам од спортско семејство во кое сите дома спортуваме, моите родители се поранешни спортисти и Доктори на науки по физичка култура и спортски менаџмент, исто така и моите две братчиња тренираат фудбал.Прв мотив за да почнам да тренирам тенис беше кога на петгодишна возраст на телевизија ја гледав како игра Марија Шарапова и тоа остави многу силен впечаток кај мене и предизвик и јас да почнам да тренирам.

Дали тенисот е прв твој избор или имаш афинитети и за други спортови ?

-Тенисот е мој прв избор, но во слободно време практикувам и  други спортови како возење велосипед, пливање, трчање и др.

Колку време тренираш ? Во кој клуб? И кој е твојот ментор?

-Јас тренирам од мојата петгодишна возраст со мојот татко, а од мојата 10-та година сум во клубот ТК Тенис парк-Скопје каде тренирам под менторство на тренерот Предраг Русевски.

*ТК Тенис парк (Мај, 2015 год.)

Дали во Македонија се одржуваат турнири преку цела година ? Од каков тип се натпреварите ? Дали има услови и инфраструктура за тенис во Македонија ?

-Во Македонија се одржуваат турнири најчесто во пролетниот и летниот период,  од причини што во зимскиот период  многу од клубовите немаат услови за тренинг, за разлика од ние кои што тренираме во ТК Тенис парк имаме најдобри услови во Р.Македонија.  Натпреварите во Македонија се од типот на отворени турнири, национални и меѓународни до 14 и до 16 год. (отворени првенства на Македонија, Државни првенства на Македонија, Мастерс, како и ETA). Според она што јас го имам видено во Македонија сметам дека нема доволно инфраструктура за тенис.

Настапуваш на турнири и надвор  од нашата земја. Кои се твоите досегашни успеси како кај нас така и на европските турнири ?

-Имам повеќе успеси на турнирите до 11, 12 , 14 и 16 години на домашни и европски натпреварувања. Најголем успех на домашните турнири постигнав на 11.06.2017 каде на Државното Првенство до 16 години играв финале,  иако имам само 12,5 години сепак ова ми е мое второ финале на турнир до 16 години.

  • 1 -место во парови, Александра Симева (Македонија) и Стела Пеева(Бугарија)  TENNIS EUROPE JUNIOR TOUR, BITOLA OPEN 12&U, (23-29.05.2016 год.)

Кој или која тенисерка ти е идол? Која подлога тие омилена ?

-Моја омилена тенисерка е Марија Шарапова, а омилен тенисер Роџер Федерер. Омилена подлога ми е земја.

Играш поединечно и дубл. Како се снаоѓаш,  имаш ли партнерка за дубл ? Со кој елемент си препознатлива кога настапуваш: форхенд, бекенд , лоб, дроп-шот ?

-На некои од турнирите играм со различни партнерки, а до сега со Дивна Ратковиќ имаме остварено најдобри резултати и тоа на два европски турнира два пати го освоивме 1-то место. Препознатлива сум по силниот сервис а секако во игра доминантен ми е форхендот.

Каква порака сакаш да испратиш кон читателите на javisejuzna.mk? Дали им советуваш на твоите врсници да се занимаваат со тенис или со било кој друг спорт ? 

-Најпрво ви се заблагодарувам што одвоивте место за мене на вашата електронска страна javisejuzna.mk и би сакала на вашите читатели да им посакам покрај читањето на спортски статии истите и да практикуваат да спортуваат, макар тоа да било и рекреативно. Според мене, секое дете треба да има некакви активности и обврски кон нешто, а спортот е најдобрата и најубавата активност која не одржува во здрав и добар дух со здрави и добри навики во животот!

*Чачак 12.06-17.06.2017 ( I место парови)

*I-место во парови, Александра Симева (МКД)& Диван Ратковиќ (ЦГ) Чачак (12.06.-18.06.2017) .

Други познајчајни успеси на Александра се :

  • I-место во парови и III-место во поединечна конкуренција,  Montenegro cup 2017, Nikšić (08.05.-14.05.2017)
  • III-место во поединечна конкуренција BITOLA OPEN 2017  U14   (29.05.-04.06.2017)
  • III-место во поединечна конкуренција JUG OPEN 2017  U14  (05.06-11.06.2017)

 

 

10 легендарни и историски триумфи на Рафаел Надал на Роланд Гарос

Кралот на земјени подлоги Рафаел Надал на Грен слемот во Франција,Париз на ,,Филип Шатрие терените со својот 10 сети триумф овој пат против швајцарецот Стен Вавринка стигна до 10 -та титула на еден Гренд Слем. Рафаел Надал за 2 часа и 5 минути со лесни   3-0 во сетови 6-2; 6-3 и 6-1  ги достигна високите спортски резултати во тенис, тој влегува во аналите на овој спорт и ќе биде мотивација и идол на генерациите што следат во обид да им биде репер како се постигнуваат врвни резултати во спортот.

Ново финале за Лина

Лина Ѓорческа како седма носителка на Фјучр турнирот во Тунис вреден 60 илјади американски долари во 1/2 финалниот дуел против опонентката Петра Мартиќ по тешка и неизвесна борба во три сета 3:6, 6:4, 6:4 влезе во финале и ќе чека победникот од вториот полуфинален дуел  помеѓу Рејчел Хогекамп од Холандија која е  трета носителка и Агнес Букта од Унгарија.

Сама против сите

Тенисот е индивидуален спорт кој во нашата земја нема голема традиција, успеси и посветено внимание. Како и во секој спорт, така и во тенисот сме имале и имаме талентирани спортисти, но кога тие не ги третираме на професионално ниво и не се обрнува внимание на нивниот талент да прерасне во светски квалитет имаме само моментални блесоци само колку да покажеме дека сме талентирана спортска нација.

Исто така загрижувачки е фактот што индивидуалните спортови ни се на маргините, а спортистите во тие спортови се во подредена ситуација. Во минатото сме ги имале: Илија Мартиновски, Предраг Русевски, а како најдобар пример и најсвеж секако ние Лина Ѓорческа. Младата тетовчанка ги руши сите бариери дека малите и сиромашни земји не можат да се носат со богатите држави во тенискиот свет кој е сметан за привилегија на богатите и моќните. Се повеќе земји вложуваат во тениските надежи бидејќи преку тенисот се повеќе млади гледаат можност да заработат милионски суми и светска слава.

Лина ги постигнува најдобрите резултати во историјата на тенисот во Македонија и е на чекор да влезе на еден Грен Слем Турнир таа е првата македонка што е во таква привилегирана  конкуренција. Исто така Лина до сега најдобар нејзин ранкинг е 187 место  во ВТА ранкингот. Има освоено бројни турнири во Челенџ низ светските бројни турнири, како индивидуално така и во конкуренција на двојки.

Освен што нејзина најголема желба и сон е да се настапува на еден голем Грен Слем Турнир, се повеќе се труди да влезе и на ВТА турнири кои носат големи суми и голем број на ранкинг поени. Најголем дострел на Грен Слем и е квалификации, која оваа година беше најблиску односно и недостигаше само уште еден чекор за да влезе на главниот турнир во Мелбурн, но за жал третото квалификациско коло се покажа барем за оваа година непремостлива пречка.

Лина Ѓорческа е пример како со сопсвени вложувања, напорни тренинзи, без тим околу неа освен нејзиното семејство како се бори сама против сите во нерамноправна борба, каде сите останати се со огромни  вложени финансиски средства, имаат цели тимови околу себе кои се грижат за нивното здравје, за тренинг програмите, исхрана, витамини, партнери за тренинг, сместувања, патувања, опрема, инфраструктура и итн.

Кога барем дел од овие услови би имала нашата тенисерка не се сомневам дека таа за брзо време би се наоѓала во првите 100 најдобри тенисерки, а ВТА турнирите и Грен Слем турнирите би била таму редовна учесничка на тие големи и престижни натпреварувања. Тенисот е спорт кој бара сериозни вложувања и професионален однос кон секој детал и сегмент и неизбежно е да има квалитетна инфраструктура. Зарем сите врати се затворени, за оваа тениска надеж и резултати од светски калибар. Успехот на Лина е и успех и репрезент на самата држава во Европа и светот, но за да се оди во позитивен правец веќе крајно е време спонзорите, фирмите, бизнисмените и институциите да се обединат и да најдат формула за успешни резултати.

Секоја помош е само гарант плус дека во блиска иднина врвните спортски резултати се на дофат. Доказ дека нашиот тенис има иднина е фактот што сме имале бројни прваци во младите категории, но најголем проблем е трансформацијата од талент до нивото на сениорски професионалец и пресликување и надградување на резултатите од младите категории и во сениорска конкуренција.

Многу големи разлики има во пристапот и вложените средства во младите категории, а сосема поинаков е пристапот, тренажниот процес и вложувањата на сениорско ниво. Родителите се додека имаат финансии и трпение да вложуваат во своите деца тие имаат забележителни резултати, но кога треба да се оди едно ниво повисоко и да се дуплираат тие средства тогаш нашите талентирани тенисери/ки не можат да се носат со останатите.

Тениската федерација, бизнис секторот и институциите треба да направат долготрајна стратегија и план да се премостат овие проблеми и тенисот да си го зазема своето место на спортскиот подиум.

Директно од Јужна трибина – Предраг Јанчески

Се врати кралот-18 титула за Федерер

Рожер Федерер излезе како победник во големото финале со Рафаел Надал на Австралија Опен и го освои својот 18 грен слем трофеј во кариерата.

До него популарниот Федекс дојде по пет сета (6-4, 3-6, 6-1, 3-6, 6-3) со тоа што во решавачкиот се врати од негатива за да дојде до пехарот на Род Лејвер Арена. Ова за 35-годишниот Швајцарец беше прв триумф на големите собири уште од 2012, а по истиот Рожер уште еднаш покажа колку е голем

Лина поведе но не издржа

Лина Ѓорческа (22) утринава го играше третиот, решавачки меч во квалификациите за настап на првиот гренд-слем за неа во кариерата, Австралија опен во Мелбурн.

После 1 час и 54 минути игра резултатот и искуството беа на страна на Стефани Фогеле (114 на ВТА) која победи со резултат 4:6, 6:3, 6:2. Со овој резултат Лина стана првата македонска тенисерка која стигнала и одиграла три натревара во квалификациите на Гренд Слем турнир.

 

Лина Ѓорческа на една победа до тениска историја

Најдобрата Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на чекор да го оствари невозможното и да се пласира во главната фаза на Австралискиот Гренд Слем.Таа утрово успеа за неполн час да ја победи со 2:0 по сетови  унгарката Далма Галфи на два пати по 6:1.Последна пречка ќе и биде Стефани Вогел од Швајцарија која е прва носителка во квалификациите.