Tag Archives: храна

ПОЛНЕТИ УРМИ СО ЛЕШНИЦИ И ЧОКОЛАДО

Потребни состојки

  • 40 урми
  • 50 грама потпечени лешници
  • 50 грама чоколадо
  • 50 грама шеќер во прав
  • 25 грама маргарин
  • 200 грама чоколадо за глазура
  • кокос (по желба)

Подготовка

  • Фил – лешниците ги мелиме, чоколадото го рендаме, го додаваме шеќерот и маргариот малку омекнат, сето убаво го мешаме.
  • Урмите ги засекуваме и ги полниме со филот.
  • Чоколадото го топиме на пареа и секоја урма ја забодуваме со чепкалка за заби и ја потопуваме во чоколадото. Чеплаклата ја забодуваме на кутија или морска пена и оставаме да се здрви чоколадото. Алтернативно, доколку не сакате да чекате да се сушат, може да ги извалкате во кокос.

Киндер торта

Потребно е:
за кората:
7 белки
7 лажици шеќер
6 лажици брашно
1/2 прашок за пециво

за филот:
7 жолчки
400 гр шеќер
3 кесички пудинг од ванила
1 л млеко
1 маргарин
200 гр чоколадо за готвење

200 гр шлаг (во прав)
200 гр шеќер во прав
200 мл ладна газирана минерална вода

Подготовка:
– Белките изматете ги со 7 лажици шеќер. Потоа во тоа додадете 6 лажици брашно и пола прашок за пециво и изматете убаво.

– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени. Проверете со чепкалка за заби дали е печена кората.

 – Печената кора избодете ја со вилушка на повеќе места и посипете ја со млако млеко.

– Преминете на подготовка на филот. Во еден сад изматете ги жолчките со 400 гр шеќер и 3 пудинзи од ванила.

– Во сад на рингла ставете 1 л млеко да се вари. Во млекото додадете ја горната смеса и со постојано мешање варете додека да се згусне. Садот тргнете го на страна и оставете ја смесата да се излади.

– Во изладената смеса додадете 1 изматен маргарин.

– Филот поделете го на два дела. Во првиот дел додадете 200 гр истопено чоколадо и измешајте убаво за да добиете хомогена смеса.

– На кората нанесете наизменично со лажица прво од светлиот па од темниот фил (една лента светол, една лента темен фил).

– Подгответе го шлагот. Прашокот за шлаг изматете го со шеќер во прав и ладна газирана минерална вода.

– Шлагот нанесете го на тортата врз филот.

– Пред да ја послужите тортата убаво изладете ја во фрижидер.

 

Извор : Ukusneslatkishe.cr

Торта со кикиритки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПАНДИШПАНОТ:
  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 3 лажици какао
  • 6 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

  1. Најпрво се матат јајцата и шеќерот и откако убаво ќе ги изработите се додаваат брашното, какаото и прашокот за пециво.
  2. Убаво промешајте да се соедини целата смеса и ставете ја во правоаголна тава да се пече околу 30 минути на температура од 250 степени.
  3. Откако ќе се испече, полијте со сок од лимон по целата површина и исечете на 3 ленти по должина.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ФИЛОТ:

  • 4 јајца
  • 1 маргарин
  • 9 лажици шеќер
  • 4 лажици мармалад од кајсија
  • 300 грама кикирики (печени и мелени)
  • 200 грама чоколадо за готвење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Јајцата изматете ги заедно со шеќерот.
  2. Во друг сад посебно се изработува маргаринот и се соединува со претходно добиената смеса, мармаладот, кикириките и чоколадото за готвење.
  3. Откако ќе добиете компактна смеса започнете со филување.
  4. На крајот изрендајте одозгора по целата површина чоколадо по ваш вкус и украсете како на фотографијата.

Добар апетит!

Чоколаден куп

Состојки

1 лажица хопла матена
2 парчиња чоколадни колачиња
1 чоколаден пудинг готов

Упатство

Во висока чаша изронете го едното од чоколадните колачиња (со чоколадни парчиња). Врз него прелијте го пудингот.

Декорирајте со една лажица матена хопла и едно цело чоколадно колаче.

Пудингот можете и сами да го сварите ако не сакате да користите готов.

 

Тирамису од овошје

Состојки:

  • 3 големи кутии пишкоти
  • 500 гр маскарпоне
  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер во прав
  • 1 лажица густин
  • 2 ванили
  • 300 гр замрзнати малини
  • 1 кесичка желатин во прав
  • 2 кесички инстант капучино
  • 50 гр чоколадо во прав

Подготовка:

  1. Желатинот во прав се прелива со 4 лажици ладна вода и се остава да набубри.
  2. Во помал сад се ставаат замрзнатите малини, се додаваат 2 дл вода, 60 гр шеќер во прав и се вари додека не се добие компактна смеса. Потоа се додава густинот и кратко се проварува за да се добие саканата густина. На крајот се трга од шпоретот, се додава половина од желатинот и се меша.
  3. Белките се одвојуваат од жолчките и се матат во цврст снег.
  4. Посебно се матат жолчките, преостанатиот шеќер во прав и ванилите. Се додава маскарпоне и се мати со миксер. На крајот се додава желатинот, снегот од белки и полека се меша.
  5. Инстант капучиното се приготвува според упатството.
  6. Калапот за торта се обложува со проѕирна фолија, а потоа пишкотите се топат во капучиното и со нив се прекрива дното од калапот.
  7. Се премачкува со една третина од кремот со маскарпоне и се прекрива со втор ред натопени пишкоти. Потоа се нанесува втора третина од кремот од маскарпоне и се премачкува со млак крем од малини. Се става во ладилник 30 минути да се стегне, а потоа се прекрива со уште еден ред натопени пишкоти и се премачкува со преостанатиот крем  од маскарпоне.
  8. Се посипува со чоколадо во прав и се враќа во фрижидерот.

Колач со карамел Dulce de leche

Потребни состојки:

За подлогата

  • 100 гр путер
  • 250 гр мелени бисквити

За карамелот Dulce de leche

  • 200 гр шеќер
  • 200 мл слатка павлака
  • 20 гр путер
  • сол на врв од нож

Другисостојки

  • 3 банани
  • сок од еден лимон
  • 200 мл слатка павлака за премачкување

Начин на подготовка:

Мелените бисквити измешајте ги со претходно истопениот путер и притиснете ги во калап со пречник 20 см.

За карамелот, шеќерот растопете го со путерот и потоа додадете ја слатката павлака и  сол на врвот од ножот. Карамелот гответе го на тивок оган со повремено мешање додека не зоврие и притоа да добие карамел боја и да се згусне. Оставете малку да се излади па истурете го карамелот врз подлогата од бисквити и оставете во фрижидер 1 саат.

Бананите исечете ги на тркалца и ставете им го сокот од лимон за да не потемнат. Потоа наредете ги одозгора над карамелот и премачкајте со претходно изматената слатка павлака. Украсете по желба и ставете го колачот во фрижидер да се стегне па потоа послужете.

Уживајте!

Крем карамел

СОСТОЈКИ:

  • 1 литар млеко
  • 6 јајца
  • 16 големи лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Карамелот се прави со 10 големи лажици шеќер. Во посебен сад постепено се растопува шеќерот додека да добие златно жолта боја.
  2. Со по 1 лажица од карамелот се премачкуваат 10 шољи од огноотпорно стакло или керамика. Прво премачкајте го дното на шољата, а потоа и ѕидовите.
  3. Во друг сад загревајте го млекото со останатите 6 големи лажици шеќер и пакувањето со ванилин шеќер.
  4. Посебно сматете 6 јајца и додадете ги во веќе подготвеното млеко. Внимавајте млекото да не биде жешко, туку на средна температура, бидејќи во спротивно ќе се засират.
  5. Со вака подготвената смеса наполнете ги карамелизираните чаши.
  6. Полните чаши ставете ги во тавче во кое има веќе загреана вода и печете 25 минути на температура од 200 степени.
  7. Извадете ги чашите и оставете ги да се оладат. Потоа ставете ги да отстојат во фрижидер помеѓу 20 и 30 минути.
  8. Изберете чинии за сервирање и во секој од нив превртете по една шоља со што крем карамелот ќе се одвои и постави во посакуваниот облик на самата чинија. Чинијата можете да ја украсите со остатокот од карамелот.

Ви посакуваме добар апетит!

Овошна торта со малини

Освежувачка и вкусна торта за летните денови.

Потребни состојки:

400 гр пишкоти

500 мл шлаг во кесичка

100 гр шеќер во прав

500 мл ладна вода од фрижидер

4 чаши кисела павлака

600 гр малини

300 мл сок од портокал

 

За декорација:

200 мл шлаг

200 мл кисела вода

 

Подготовка:

Во сад го ставаме шлагот со шеќерот во прав и ладната вода и матиме со миксер. Кога ќе го изматиме шлагот ја додаваме киселата павлака и мешаме со лажица.

Во правоаголен сад за торта ставаме еден ред пишкоти претходно потопени во сокот од портокал. Потоа премачкуваме со подготвениот шлаг. Над шлагот ставаме малини. Потоа повторно ставаме натопени пишкоти еден ред. Премачкуваме со шлаг и ставаме повторно малини. Одозгора повторно мачкаме со шлагот.  Ако сакате може да ја премачкате тортата со шлагот изматен со кисела вода и да декорирате со некоја малина. Се става во фрижидер да отстои некое време и потоа може да ја пробате.

Оваа торта може место со малини да се направи и со некое друго овошје по желба.

Добар апетит!!!

Јаглени хидрати како извор на енергија

Користењето на јаглени хидрати како извор на енергија е поврано со  нивото на интензитетот на физичката активност или тренирање.  Колку е поголем интензитетот на вежбањето, толку поголем придонесот  на јагленохидратите во обезбедувањето на енергија.  Се разбира дека од интензивната физичка активност многу порано  доага уморот и исцрпеноста на организмот. Спортистите кој се со  доста добра физичка подготовка и имаат добра кондиција, истите  можат да вежбаат со часови на 40-50 % VO2 max, односно околу еден  до два часа на 70 – 80 % VO2 max, но само  неколку минути на максимално или супер максимално ниво на VO2 max.

Оптимизирање на нивото на енергија
За одржување на издржливоста и силата, кои ви се потребни за време на тренинг или натпревар, внесувањето на адекватна количина на јагленохидрати и течности се есенцијални.  Телото има ограничени залихи на гликоген кој се троши после само еден или два часа интензивно вежбање.  Кога залихите на гликоген ви се со ниско ниво, може да ви се појавата следните симптомиap]:
– општ умор
– недостаток на координација
– намалување на силата
– потешкотии со концентрацијата
– споро време на реакција
– споро опоравување

м-р Ангелче Гушев-kineziologija.mk

10 причини зошто да пиете топла вода со мед и лимон наутро

Многу луѓе наутро пијат топла вода со мед и лимон. Тоа е многу здрав напиток за нашиот организам иако некои не го знаат тоа.

Едноставно во чаша топла вода измешајте едно лажиче мед, а може да додадете и лимон или цимет за подобри резултати и пиете секое утро. Овој вкусен напиток е одлична замена за кафето, помага во будење на организмот.

 

Зошто е важно да го пиете?

Помага во:

  • Чистење на организмот
  • Намалување на тежината
  • Обезбедување енергија
  • Го зајакнува имунолошкиот систем
  • Помага при хронична опстипација
  • Лечи кашлица
  • Го забрзува метаболизмот
  • Ги неутрализира киселините во желудникот
  • Го отсранува лошиот мирис од устата
  • Ја подмладува кожата