Tag Archives: штедење

Чекор пред животните изненадувања

Со  животното осигурување не само што сте чекор пред изненадувањата кои ги носи животот, туку истовремено тоа претставува и сигурен облик на штедење. Осигурувањето на живот е долгорочно решение кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите.

ПРИДОБИВКИ:

  • Сигурен облик на штедење со истовремено осигурување;
  •  Ви припишуваме добивка;
  •  Загарантирана исплата на парични средства по истекот на осигурувањето;
  •  Бидете чекор пред изненадувањата кои ги носи животот;
  • Обезбедете финансиска сигурност за Вас и Вашето семејство;
  • Создавате капитал за Вашите идни планови;
  • Создавате капитал за времето кога приходите ќе Ви се намалат, особено по заминувањето во пензија.

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Се прифаќаат лица од 14 до 65 години – Oсигурувањето да заврши на 75 годишна возраст.
  • Можност за избор на динамика на плаќање : месечно, квартално, полугодишно, годишно, еднократно.
  • Можност за избор на начин на уплата: уплатница, траен налог, задршка од плата, во нашата дирекција.
  • Траење на осигурувањето – 10 до 25 години.

Полисата опфаќа лица од 14 – 65 годишна возраст и истата е прилагодлива согласно Вашите можности и потреби, односно сами избирате колку ќе уплаќате и на тој начин сами ги дефинирате и осигурените суми.

  • ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА
    • Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај
    • Осигурена сума во случај на 100% траен инвалидитет
    • Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај

Дополнителното осигурување од незгода е просторно и временски неограничено.

  • ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ТЕШКО БОЛНИ СОСТОЈБИ

ЛИСТА НА БОЛЕСТИ ОПФАТЕНИ СО „CROATIA ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ТЕШКО БОЛНИ СОСТОЈБИ“:

  • Исхемична болест на срце
  • Срцев удар
  • Мозочен удар
  • Мултиплекс склероза
  • Паркинсова болест
  • Алцхајмеровата болест
  • СИДА
  • Хронично затајување на функцијата на бубрезите
  • Затајување на црн дроб
  • Анкилозантен спонделит
  • Ревматоиден артритис
  • Малигни болести (рак)

Осигурителниот надомест на осигуреникот ќе му обезбеди неопходни парични средства за плаќање на трошоци кои не ги покриваат другите осигурувања.

Нашите вредности се нашата основа за успешна и плодна соработка.  Пополнете ги празните полиња на следниов линки спратете ни ваш контакт на емаил, вибер или скајп за подетално да ги утврдиме вашите цели и да ви го објасниме начинот за обезбедување долгорочна финансиска сигурност на вас и вашето семејство.  Исполнете ја обврската спрема нив, еден ден ќе ви бидат благодарни.

Соништата и желбите – основа на секој почеток

Во динамично опкружување во кое живееме, и во услови на борба за сопствената егзистенција и обезбедување на подобар живот за своите најблиски, потребата од штедење се покажува како неопходност. Полисата за животно осигурување се покажа како добар и сигурен начин на штедење, кој во случај на најтешки моменти обезбедува финансиска згриженост на најблиските.

Инвестирањето во животно осигурување веќе подолго време е едно од најатрактивните вложувања во Европа и во светот, од причина што се акумулираат вложените средства преку долгорочно штедење. На овој начин осигуреникот создава сигурност, а истовремено го обезбедува своето семејство со финансиска сигурност при евентуален несреќен случај.

Програмите за животно осигурување кои ги нудиме, се прилагодени за потребите на современиот човек за финансиска заштита, штедење и вложување од сите економски и социјални аспекти.

Како во едно семејство, ние сме посветени нашите клиенти да уживаат во долговечна сигурност. Оттука разбирајќи ги потребите ги инспирираме посветено да ги планираат нивните животи и животите на своите најблиски со многу самодоверба и елан.

Нашите вредности се нашата основа за успешна и плодна соработка.  Пополнете ги празните полиња на следниов линк и спратете ни ваш контакт на емаил, вибер или скајп за подетално да ги утврдиме вашите цели и да ви го објасниме начинот за обезбедување долгорочна финансиска сигурност на вас и вашето семејство.  Исполнете ја обврската спрема нив, еден ден ќе ви бидат благодарни.