Tag Archives: Torta

Овошна торта со малини

Освежувачка и вкусна торта за летните денови.

Потребни состојки:

400 гр пишкоти

500 мл шлаг во кесичка

100 гр шеќер во прав

500 мл ладна вода од фрижидер

4 чаши кисела павлака

600 гр малини

300 мл сок од портокал

 

За декорација:

200 мл шлаг

200 мл кисела вода

 

Подготовка:

Во сад го ставаме шлагот со шеќерот во прав и ладната вода и матиме со миксер. Кога ќе го изматиме шлагот ја додаваме киселата павлака и мешаме со лажица.

Во правоаголен сад за торта ставаме еден ред пишкоти претходно потопени во сокот од портокал. Потоа премачкуваме со подготвениот шлаг. Над шлагот ставаме малини. Потоа повторно ставаме натопени пишкоти еден ред. Премачкуваме со шлаг и ставаме повторно малини. Одозгора повторно мачкаме со шлагот.  Ако сакате може да ја премачкате тортата со шлагот изматен со кисела вода и да декорирате со некоја малина. Се става во фрижидер да отстои некое време и потоа може да ја пробате.

Оваа торта може место со малини да се направи и со некое друго овошје по желба.

Добар апетит!!!