Циметот е еден од најчесто користените зачини во светот. Неговиот уникатен мирис и вкус доаѓаат од соединението цинамалдехид кое го содржи циметот. Токму ова соединение е одговорно за многуте моќни ефекти што ги има циметот врз здравјето и метаболизмот.
Според истражувачите, од 26 најпопуларни лековити билки и зачини во светот, циметот се наоѓа на 1 место во однос на неговото заштитно ниво на антиоксиданси.
Дали сте знаеле дека една лажица цимет има онолку антиосидативни својства колку што има половина чаша боровница? Антиосидансите се многу значајни за нашето здравје и спречување на разни болести, па дури и малигни.
Хранливи вредности на циметот
Една лажица мелен цимет содржи:
19 калории
0 грама на масти, шеќер и протеини,
4 грама влакна
68 % манган
8 % калциум
4 % железо
3 % витамин К
Половина кафена лажичка цимет дневно може да има позитивни влијание врз нивото на шеќерот во крвта, варењето на храната, имунитетот и многу повеќе.
Здравствени придобивки на циметот
Циметот го регулира нивото на холестерол и триглицериди во крвта
Има способност да го регулира нивото на шеќерот во крвта
Го регулира високиот крвен притисок
Го зајакнува имунитетот
Го регулира метболизмот
Помага при инфекции и вируси
Ги штити забите од расипување и го освежува здивот
Помага во борбата против алергии.
Циметот може да го користите на разни начини. Најчесто се користи како зачин за десерти, може да го ставите во кафе, чај или млеко, да го консумирате со јогурт или мед.
Цимет и мед како лек
Измешајте една лажичка цимет со чаша зовриена вода, а кога течноста ќе се излади додајте една лажичка мед. Ова е пожелно да се пие наутро на празен желудник. Циметот и медот како лек е стар народен рецепт. Секој од овие состојки сами по себе имаат многу лековити својства, а во комбинација се многу моќен природен лек. Корисните состојки од циметот и ензимите од медот се природен лек против бактериски и габични инфекции во организмот. Заеднo имаат антиосидативно дејство и спречуваат појава на разни болести, пред се болести на срцето.
Цимет и јогурт како лек
Една лажичка цимет во чаша јогурт е природен лек за дигестивни проблеми. Циметот и јогуртот како лек се користат за слaбеење и одржување на телесната тежина. Јогуртот е добро познат за подобрување на варењето на храната и регулација на цревната флора, а во комбинација со циметот кој го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот, делува како одличен природен лек за здраво губење на килограми.