Девојка, Ана Стојанова, со екстремно голем талент и желба за да изгледа како што изгледа и истото тоа да го пренесе на сите што се заеинтересирани за нејзините видни резултати, тоа е Ана, која што, јас лично ја заследив и се мотивирав на нејзината мотивација која што пред се им ја подарува на своите следбеници и ученици.
Да, токму Ана, моментално се наоѓа во почетна позиција од вежбањето бидејќи беше приморана да замине под „нож“ и да своето лево колено го даде во рацете на хирургите, но за среќа нејзина и успешноста на операцијата таа веќе по само неколку денови повторно ги мотивира своите обожаватели на нејзин начин, а таа најдобро тоа го прави преку Instagram.
Прва слика после операција. Не толку симпатично ама 120% реално. .
Денес ме пуштија од болница. Ногата не можев да ја кренам 3 дена. Имав големи болки и страв. Пред одење ми рекоа дека ако не ја кренам комплетно сама и без помош денес, не ме пуштаат дома.😓 Касно сфатив дека се мртви сериозни. .
.
И ете ме… дома веќе 4 часа.😎😁😂
.
.
Добив вежби, почетнички и скромни ама за мене најтешки😣 ќе ги правам два пати на ден. Ако сум во добро расположение и ќе се снимам. .
Како и да е, среќна сум. Среќна затоа што знам колку можам и каква сила носам во мене. Ако ве мотивирав до сега, од сега ќе ве мотивирам 10 пати повеќе. .
Колку пати добивав пораки… ,,Тебе ти е лесно, ти си во форма…” Еве не сум! Еве сум и јас од нула. И под нула! И ќе изгледам многу полошо… Ама знам дека ќе успеам, затоа што сум свесна дека најсилното нешто во нас е главата, а таа ми е и те како во добра форма!
.
.
Што е со вас? До каде сте на ова поле?! И до кога ќе ве кочи главата?!
.
#тренирај #доминирај #мотивирајМе
Ана нуди програми за домашни вежби а сите тие можете детално да се обратите кај нејзе на Instagram: @annstojanova или кај нејзе на нејзиниот официјален веб сајт: www.anastojanova.com
Ана среќно и брзо оздравување ти посакуваме сите од Јави се јужна!