Еурофарм Работник загуби од тимот на Татран Прешов во 5-тото коло од Лигата на Шампионите дома со резултат 23:24.
Најефикасни во Еурофарм беа Остроушко со 8 и Граџан со 5, додека на голот одличен беше Митревски со 10 одбрани помеѓу кои и 2 седмерци. Кај Татран Цвитковиќ со 12 одбрани и Рабек со 7 гола беа најзаслужни за победата.