На Светското сениорско првенство во кик бокс во Сараево, Босна и Херцеговина ( 22-ри до 27-ми октомври) за репрезентацијата на Македонија ќе настапат шест натпреварувачи.
Дресот на нашата репрезентација ќе го носат: Димитар Ѓоргиев (-86 кг, лоу кик), Емир Ибраим (-63,5 кг, лоу кик), Бобан Илиоски (-81 кг, К-1), Роберт Костовски (-71 кг, К-1), Даниел Митров (-57 кг, К-1) и Дарко Најдов (-67 кг, К-1).