Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник денес од 18 часот против Татран Прешов гостува во меч од Лигата на Шампионите.
Битолчани се надеваат дека ќе се реваншираат за минималниот пораз од претходното коло кога во Битола беа минимално поразени со 23:24. Ако победат тоа ќе биде прв триумф на гостински терен во дебитантскиот настап во Лигата на шампионите.