Естрадниот уметник фолк пеjaчот од Струга, Методија Столески на годинешниот фестивал Филиграни 2019 настапи со песната “Фимка на Даскалови” и ја доби наградата за “Најдобар текст”. Текстот и овој пат е на Огнен Неделковски, а музика и аранжманот на Цане Петров.
На фестивалот настапија познатите: Благица Павловска, Блага Петреска, Кате и Нели ти Реков, Вики Среброва, Орце Стефковски, Дамјан Стојаноски како и српската пејачка Лепа Лана.Дел од нив беа како натпреварувачи а дел настапија во шоу програмата.