Во драматичен натпревар екипата на МЗТ Скопје го совлада Нови Пазар со 89-87, во 10-то коло од АБА-2 лигата. Победата стигна во последните десетинки од мечот кога Арон Херис погоди од линијата за слободни фрлања.
Во оваа победа Херис беше најефикасен со 18 поени, Крстевски даде 16, додека Хиндс и Магдевски имаа по 14. Со ова МЗТ Скопје има скор од осум победи и два пораза во АБА-2, и се наоѓа на првото место, барем додека Борац не го одигра својот натпревар од 10-то коло.