Eвропскиoт ракометен првак Вардар во СЕХА-лигата успеа да слави над Татран Прешов со 28-26 (полувреме 13-17). Најдобри кај победникот беа Шишкарев, Чупиќ и Атман со по 5 погодоци. Но посебен придонес во победата имаше голманот Калифа Гедбан со 8 одбрани од 17 удари сите во второто полувреме. Кај Татран, Лапајне беше најефикасен со 6 гола.