Капитенот Кире Лазаров по натпреварот со Австрија ја даде следната изјава „Мечот го одигравме под наше ниво, со многу технички грешки, со многу промашени чисти удари, го разбранивме нивниот голман и тоа беше пресудно во вакви одлучувачки мечеви. Тешко е да се бара победа доколку го започнеш мечот така. Од тактичка гледана точка можам да кажам дека не изненадија со 5+1, со полуфластер на мене, немавме решение, тука не натераа да правиме технички грешки, дури и кога правевме чисти ситуации за шут ги промашувавме. Разочарани сме, очекувавме многу повеќе, затоа што имавме добра група, секој ракометен фанатик, па дури и лаик може да каже дека можевме со сите, бевме и благ фаворит, но тоа е спортот”.
Сакам да изразам благодарност за сите присутни кои одвоија време и средства да дојдат овде, да не бодрат. Ова беше едно драгоцено искуство, можеби имаше и повеќе Македонци отколку во 2012 кога направивме историски успех. Виена е многу подалеку од Ниш и Белград, секоја чест, капа долу за сите Македонци кои дојдоа. Останавме должни, заслужуваме секаква критика, ова еден удар за нас, и за македонскиот ракомет. Треба да се направи анализа и да се почне од почеток, затоа што не смееме да го загубиме она што е најубаво, што е најсвето, затоа што ниту една друга репрезентација не може да си дозволи 5.000-6.000 навивачи на првенство во друга земја. Тоа е огромно богатство, затоа како капитен сакам да им се извинам на сите кои беа тука и кои не гледаа од Македонија. Но тоа е спортот одиме напред, треба да направиме максимален напор ракометот да го издигнеме повторно каде што беше дури и подобар”.