Mакедонскиот пејач Огнен Здравковски со темата „Извини“ ќе го освојува балканскиот музички пазар. Песната која е на српски јазик е комплетно авторско дело на Лазар и Магдалена Цветковски. Спотот е дело на режисерот Гордан Божиновски од „God Eye Production, а главната улога во него ја толкува преубавата Ана Коцевска.