Брентфорд и Лидс го одиграа дербито на 32. коло од Чемпионшип, а воедно можеби и најважниот дуел кога е во прашање битката за директен пласман во Премиер Лигата.
Натпреварот заврши со 1-1, а првиот гол падна во 25. минута. Стрелец беше Саид Бенрама за Брентфорд кој одлично го искористи колосалниот кикс на голманот на Лидс, Кико Касиља. За Касиља ова е веќе втор кикс што резултираше со погодок во последните два натпревари, па Шпанецот иако е прв во лигата со дванаесет натпревари без примен гол, сепак се поставува во прашање неговата стартна позиција. Во 38. минута, Лидс израмни со првиот гол на Лиам Купер оваа сезона. Со ова реми, Брентфорд се искачи на четвртата позиција имајќи ист број на поени како петтопласираниот Нотингем и само бод помалку во однос на второ и третопласираните Лидс и Фулам.
Резултати од останатите натпревари одиграни во вторникот:
Барнсли 0-1 Бирмингем
Блекбурн 3-0 Хал
Нотингем 0-1 Чарлтон
Свонси 0-0 КПР
Виган 2-2 Мидлсброу
Најдобрите моменти од натпреварот, како и грешката на Касиља, можете да ги погледнете на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=MTkX5bIKomo&feature=onebox