Zaanse Schans е познато село во Холандија наречено уште село на ветерниците. Го раскажува животот на античките холанѓани како и начинот на користење на познатите ветерници. Го зачувал природниот шарм на Холандија , онаа различна и поинаква од онаа како се прикажува денес.
Во текот на 17 век, повеќе од 600 ветерници се изградени во областа околу Zaanse Schans, првата индустриска зона. Ветерниците се користеле, меѓу другото, за мелење зачини, производство на бои, дрво, и за производство на масло, но исто така и како куќи за живеење. Голем број од овие ветерници се уште постојат и може да се посетат и денес. Може да се види како овие ветерни машини работат, внатре и надвор.
Со своите традиционални куќи, ветерници, магацини и работилници, историското село Zaanse Schans не потсетува како се живеело во Холандија во 18 и 19 век. Во тоа време, околниот регион Zaan бил важна индустриска област и стотици ветерници работеле за производство на ленено масло, боја, бурмут, сенф, хартија и други производи.
Голем број на карактеристични куќи во селото сега се музеи, продавници за подароци или работилници, додека други се уште се користи како приватни резиденции. Некои од останатите ветерници во Zaanse Schans се отворени за јавноста.
Денес, оваа туристичка атракција привлекува речиси еден милион посетители годишно и тоа е една од најпосакуваните атракции во Холандија.