Лисабон e главен и најголем град во Португалија со население над половина милион во рамките на неговите административни граници со површина од 84,8 км². Урбаната област на Лисабон се протега надвор од административните граници со население од над 3 милиони на површина од 958 км², правејќи ја 11. најнаселена урбана област во рамките на Европската Унија. Околу 3.035.000 луѓе живеат во метрополитенската област Лисабон (која претставува околу 27% од населението на земјата).
Лисабон е најзападниот голем град сместен во Европа, како и најзападен главен град на европскиот континент и единствен долж атлантскиот брег. Се наоѓа во западниот дел на Пиринејскиот Полуостров на Океан и реката Тежо.