Архитекти, дизајнери и уметници од целиот свет се здружија заедно за да учествуваат во проектот наречен “BowWow Haus”, со цел да се соберат средства за бездомните животни. Овие креативни луѓе дизајнираа уникатни куќи за кучиња и засолништа.
Овој проект е во соработка со Blue Cross, добротворна организација која им помага на болни, повредени, напуштени и бездомни животни од 1897 година, американската непрофитна организација Outdoor Arts Foundation, која го поддржува креативниот ангажман базиран во заедницатаи фотографот Дру Гарднер. Парите што ќе бидат собрани за време на оваа изложба, се надеваат дека малку ќе го олеснат животот на големиот број бездомни животни.
Некои од куќичките се направени од меѓународно познатите дизајнери како Заха Хадид, уметникот Иван Џидев и други уметници и дизајнери од светот. Погледнете ги уникатните куќички и засолништа за кучиња па можеби ќе добиете и вие некоја идеја за да направите куќичка за вашето милениче.