Утврден во 1905 година, Лас Вегас официјално стана град во 1911 година. Со развојот којшто следи кон крајот на векот, Лас Вегас стана најнаселениот град во САД основан во XX век. Градот толерира различни форми за забава за возрасни, со што заслужува името Син Сити (Sin Sity), и оваа слика го прави популарна тематика за филмската продукција и телевизиските програми. Од друга страна, Лас Вегас има најмногу цркви по жител од било кој голем град во САД. Градот изобилува со светлечки реклами, и доколку се набљудува од вселената тоа е најсветлиот град на планетата Земја.