МЗТ Скопје Аеродром дојде до трета последователна победа во АБА 2 лигата, овој пат на гостувањето во Хрватска против поранешниот европски шампион тимот на Сплит со триумф од 76:78. ,,Металците” влегоа во драматичен финиш и трепереа за победата до последниот напад на домаќините и на крај се се заврши со среќен крај за македонскиот тим.
По завршувањето на првата четвртина Сплит водеше со 29:22, а веќе во вториот период МЗТ ја презеде целосната реултатска контрола и четвртината ја доби во своја полза со 10:24. третиот период заврши нерешено со 13:13 и во последниот период имаше драматичен финиш затоа што попушти концентрацијата на гостинските кошаркари и дозволија да се влезе во неизвесен финиш во кој што како победници излегоа гостите од Скопје.
Во победничкиот табор најдобар поединец беше токму единствениот хрват во тимот на МЗТ Иве Иванов со 18 поени, 10 скока и 7 асистенции, а голема помош доби во Симоновски со 15 и Стојановски со 14 поени зад своето име. Следен предизвик за МЗТ Скопје Аеродром е српски Вршац.