Најдобрите светски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов повторно беа игнорирани и озоставени од честа и можноста да судат едно големо Мундијалско финале. Оваа година на Светското првенство во Германија и Данска финалниот меч го делегираа за хрватскиот судиски пар.
Се гледа од ,,Авион” дека ИХФ им се должни на хрватите за скандалот со Гјединг и Хансен и нанесената штета со која што на Хрватска и скратија можност за победа и пласман во полуфинале и сега дојде моментот да ги израмнат сметките и од таа причини хрватскиот судиски пар доби неочекувано, во случајов очекуван повик да бидат на центарот и на паркетот на Хернинг за големото финале помеѓу Данска и Норвешка.
Нашите судии освен на репрезентативни натпревари, судат и на клубски натпреварувања во ракомет како што е случајот со Лигата на шампионите и мора да се потенцира дека се доминантно најдобар судиски пар, најпрофесионално си ја одработуваат задачата низ сите 60 минути, имаат ,,Осет” за игра, чесно и коректно без разлика кои се противниците меѓусебе.
На претходните големи настани секогаш ги судат најтешките натпревари кои се од значајно резултатско значење, кои имаат набој и голема тензија. Но затоа се тука Николов-Начевски да си ја одработат рутински својата работа. За наша жал се уште не добиле ниедно доверено за нив финале.
Освен нашите ракометари кои имаат континуитет на настапи на европски и светски првенства кои што воедно се наши ,,Херои” ни приредуваат такво задоволство да секоја зима сме со погледите и мислите кон нив и ни го задржуваат нашето внимание кон ракометната игра, освен нив ние се гордееме со нашата судиска двојка, која макслимално достоинствено не претставуваат пред светската ракометна јавност.
Сите ние, а најмногу и самите тие очекуваа дека им е дојдено времето да судат големо финале и тоа да биде врв на нивната судиска кариера. Имавме и зошто да се надеваме, бидејќи судат на сите големи натпреварувања, ги судат најтешките дуели, немаат грешки, никој не им забележува за ништо, ги прогласија за најдобри судии во светот, исто така на ниво беа и целиот овој Мундијал и кога влегоа во шесторката судиски парови, првин беа изоставени од арбитража на двете полуфинални средби, потоа не беа делегирани ниту за натпреварот кое носи трето место ( потајно сите се израдувме, зошто ги гледавме како главни судии во финалето) и ете шокантна вест во која не добија шанса да судат на последниот најзначаен меч кој носи борба за златен медал.
Македонија како ракометна нација, како репрезентација во континуирани настапи, селекција редовно која влегува во елиминациска фаза, од каде што потекнуваат најдобрите судии , повторно и повторно се прави голем превид и неправда спрема Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Еднаш, два пати може и да прогледаме низ прсти, ама овој пат РФМ барем симболично да прати протесно писмо до ИХФ и да побара одговор зошто најдобрите не судат на најдобрите ? Останува да ги подржиме во нивните цели се со цел најдобрите македонски амбасадори да продолжат во континуитет да судат квалитетно како и досега, па кога тогаш да очекуваме правдата да е задоволена и да добијат можност да судат едно големо финале.
Момци браво секоја чест, а вие ,,ИХФ” што би рекол македонскиот народ сте само ИХФ МАФИЈА !!!