Хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ не се изнаигра ракомет во претходниве шест месеци во полски Виве Келце исто така и за репрезентацијата на ,,коцкестите” не беше од голема помош поради повреда, па затоа во наредните месец дена ќе се рехабилитира од повредата на мускулот.
Поранешниот ракометар на Металург и Вардар ќе пропушти три ЕХФ мечеви од Лига шампиони од преостанатите четири колку што преостануваат од прелиминарната фаза. Келце се наоѓа на петто место со 12 бода на табелата.
Пласманот во нокаут фазата е обезбеден, но секако пред Талант Душебаев е тежок период затоа што до крајот на сезоната поради повреда ќе го нема на располагање и неговиот помлад син, Даниел Душебаев кој ги има повредено лигаментите на коленото.