Лош ден за тимовите од Манчестер. Актуелниот шампион Манчестер Сити е поразен на стадионот ,,Сент Џејмс Парк” од Њукасл со резултат од 2:1, од друга страна Манчестер Јунајтед спасуваше реми на ,,Олд Трафорд” со резултат од 2:2 против Барнли.
Манчестер Сити го доживеа четвртиот пораз сезонава, овој пат против Њукасл иако ,,Граѓаните” имаа водство уште од првата минута со голот на Серхио Агуеро. Пресвртот домашните фудбалери го направија во вториот дел кога најпрвин Саломон Рондон во 66. минута го израмна резултатот на 1:1, а Мет Ричи во 80-та минута од пенал го постигна победничкиот гол за Њукасл.
Што се однесува до тимот од ,,Олд Трафорд” таму гостите водеа со 0:2 со головите на Ешли Барнс во 51. минута и дуплирање на водството донесе Крис Вуд во 81. минута. Домашните фудбалери иако имаа негатива сепак не се предадоа и спасија бод на свој терен со головите на Пол Погба од пенал во 88 минута и гол за реми постигна дефанзивецот Виктор Линделоф во судиското продолжение, воедно за него дебитантски погодок за ,,Црвените ѓаволи”. По осум победи по ред, веќе на деветтата пречка стратегот Оле Гунар Солскјер го запиша својот прв неуспех.
Видео: Манчестер Јунајтед 2 – 2 Барнли
Видео: Њукасл 2 – 1 Манчестер Сити