Зад нас е 53-то издание на Супер Боул, најголемиот спортски настан во САД. Оваа година, за време на финалето на НФЛ лигата, се случи историска изведба и не се работи за акции на американските фудбалери. За првпат не само чирлидерки, туку видовме и чирлидери кои танцуваа на Супер Боул. Видовме двајца мажи во танцовата група за поддршка на Лос Анџелес Рамс.