Светскиот рекет број 1 кај мажите, Новак Ѓоковиќ ја задржа предноста од скоро 2000 поени во однос на Рафаел Надал, трет и натаму е Александар Зверев додека меѓу петте најдобри се уште Хуан Мартин дел Потро и Кевин Андерсон.
Кај дамите Наоми Осака води пред Симона Халеп и Петра Квитова, Слоун Стивенс сега е четврта, а на петтата позиција се наоѓа Каролина Плишкова. Новак Ѓоковиќ и Наоми Осака во текот на минатата недела немаа настап на ниту еден турнир, но ги задржаа водечките позиции на најновите ранг листи.