Јапонците се познати по долговечноста. Џироемон Кимура, кој почина во јуни 2013 година имаше 116 година и долго време беше најстариот маж во светот. По него таа титула ја презеде друг Јапонец, Масазо Нонака кој имаше 113 години, а почина во јануари годинава.
Според претставниците на Гинис, рекордот во долговечност мора да биде официјално потврден. Сега приматот за најстар жител во светот го презема јапонката Кане Танака која е родена на 2 јануари 1903 година, кога браќата Орвил и Вилбур Рајт го имале првиот успешен авионски лет во историјата.