Македонскиот пејач Давид Темелков кој гради одлична кариера во Хрватска сними прекрасен спот за неговиот хит „Свијет се промијенио“ која за него ја направи познатиот композитор Мирослав Рус. Видеозаписот за оваа нумера е снимен на улиците низ Скопје, а го реализираше македонската видеопродукција „Мелем“, а видеопродуцент е Јосип Шукер.
Уживајте во оваа преубава песна и спот!