Наставник по природни науки од рурална област на Кенија, кој подарувал поголем дел од својата плата за поддршка на посиромашните ученици, освои награда од 1 милион долари за најдобар учител во светот. Питер подарувал дури 80% од неговата плата за поддршка на учениците, во средното училиште “Керико” во селото Пвани, Накуру, кои инаку не можеле да си дозволат униформи или книги. Наставникот вели дека неговата главна цел е промовирање на науката не само во Кенија, туку и во цела Африка.