Мик Шумахер, синот на популарниот седумкратен шампион Михаел Шумахер во Формула 1 ќе дебитира на 2. април како тест возач на Ферари. Младиот 20-годишен талентиран возач е актуелен првак во Формула 3, а освен што ќе биде тест возач и тоа на патеката во Бахреин, на истата патека ќе дебитира и во Формула 2 за екипата на Према Рејсинг.