Серијата која остави голема трага во животот на многу генерации „Беверли Хилс 90210“ повторно се враќа на телевизиските екрани. Шенон Доерти, Џени Гарт, Тори Спелинг, Габриел Картерис, Џејсон Присли, Иан Зеринг и Брајан Остин Грин се собраа повторно за новите епизоди кои треба да започнат да се снимаат во август месец. Во новите епизоди ќе фали само ликот на Дилан или Лук Пери кој неодамна почина.
„Фокс“ веќе го објави првото видео како најава за популарната серија